Обвиненијата против новинарката на словенски „Дело“ Анушка Дели мора да бидат отфрлени, повикува Амнести Интернешнл.
Организацијата е загрижена дека Дели се гони за објавување инфомации кои се важни за јавноста. Доколку биде обвинета таа се соочува со затворска казна од три години.
– Новинарите не треба да се гонат за известување на класифицирани информации од јавен интерес, и обвиненијата против новинарката Дели мора да бидат отфрлени. Доколку и се изрече затворска казна Амнести Интернешнл ќе ја смета за затвореник на свеста, стои во соопштението на светската организација.
Анушка Дели се гони за низа статии за крајно-десната група Крв и Чест во Словенија, објавени во весникот „Дело“ во декември 2011 година. Статиите содржат информации за групата и нејзините активности, за политичките врски помеѓу крајно-десните екстремисти и Словенската демократска партија, една од најголемите во земјата.
Обвиненијата се покренати од словенската разузнавачка служба која ги потенцираше информациите како „тајни“. На сослушувањата таа се изјасни како невина, а судскиот процес продолжува на 19.ноември.




