На состанокот е истакната јасна поддршка од Словенија за нашиот следен чекор во евроинтеграциите, како заслужен напредок и неопходен за стабилноста на регионот и Европа, во геополитички контекст.
Ковачевски рекол рече дека Северна Македонија високо го почитува ангажманот на Словенија во сите важни процеси за нашата држава, при НАТО интеграцијата, кога беше втората земја што го ратификуваше Протоколот за пристапување и посебно при отворањето на пристапните преговори со ЕУ, во јули, минатата година, по 17 години од добиениот кандидатски статус.
„Словенија отсекогаш била силен и гласен поддржувач на нашите евроатлантски интеграции и на европските перспективи на Северна Македонија и на Западен Балкан и затоа од исклучителна важност е поддршката и во овие моменти кога е пред нас шансата за зацврстување на европската ориентација, која е од стратешко значење и за целиот регион“, рекол премиерот Ковачевски.
Владата на Северна Македонија, како што потенцирал Ковачевски ќе продолжи да работи на продлабочување на партнерството со Словенија, за што е доказ и денешното потпишување Заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и Словенија, што ќе придонесе за натамошно интензивирање на билатералната соработка.