НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 20-ти до 23-ти ноември, четврти Саем за деца во Скопје Сити Мол

0
By Нова ТВ on November 19, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Попусти и многу забава надополнети со фото конкурс за избор на детски лица за календарот на Скопје Сити Мол за 2015 година – „Биди ѕвезда во 2015” е дел од четвртиот Саем за деца во Скопје Сити Мол кој ќе се одржува од утре до 23-ти ноември.

Богатата програма вклучува попусти и до 50% како и голем број едукативни игри, конкурси, натпревари, мини детска олимпијада, дружење со македонските фудбалски ѕвезди, претстави, како и детска модна ревија.

– Целодневната понуда е креирана со цел, детската радост и смеа, по четврти пат, да ги исполни ходниците на најголемиот мол во државата, објаснуваат од Скопје Сити Мол.

Саемот за деца е замислен како најголем собир на деца од различни возрасти, кои заедно со своите родители ќе минат 4 незборавни дена исполнети со креативни и забавни содржини.

Дел од настаните кои ќе се оддржат во следните четири дена се концерт на Златните славејчиња, хип хоп level.up работилница со Ритам Плус, квизови на знаење, детски олимписки игри, надополнети со уникатна парада на декорирани бебешки колички, бебешка трка во лазење и трка со дубачиња, како и несекојдневна детска модна ревија.

Сите активности, ќе бидат проследени со попусти на бебешка опрема, облека, обувки, играчки и книги.

На вториот кат кај одделот за храна ќе биде поставено мини фото студио, каде ќе бидат фотографирани сите заинтересирани деца кои би можеле да станат лица на календарот на Скопје Сити Мол за 2015 година.

Организаторите најавуваат дека фотографирањето кое ќе се спроведе во деновите на траење на Саемот за деца, е првата фаза од изборот на слатки детски ликови. По фотографирањето, ќе бидат избрани 24, за кои ќе може да се гласа на социјалните мрежи.

12-те финални ликови ќе бидат дел од големата фотосесија за календарот, која ќе биде реализирана од македонската фотографка Маја Аргакиева.

За децата до 5 годишна возраст е резервирано катчето на Сити кидс клубот каде ќе се бои, игра и моделира, а за оние поголемите пак, е предвидена забава во Game Zone, местото на вториот кат каде ќе се плете со гумени ластичиња, ќе се составуваат 4 бои во низа, и ќе се игра последната хит игра на Сони, Sky Landers.

Посебни физички активности за психо-моторика на деца до 7 години ќе бидат организирани во текот на целиот Саем.

На самиот крај, составен дел од речиси сите активности во текот на четирите саемски дена ќе се доделуваат и награди.

Сите настани се слободни за посетителите, а сите дополнителни информации ќе можат да се добијат кај организаторите на саемот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.