НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Синедејс“ денеска: Филмови на Вуди Ален, Павел Павликовски, Фатих Акин

0
By Нова ТВ on November 19, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Магија под месечевата светлина“ на режисерот Вуди Ален во кој главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Колин Фирт ќе се прикажува вечерва во кино Милениум како дел од филмскиот фестивал „Синедејс“ во 22:30.

Се работи за филм кој посети многу светски фестивали годинава патувајќи од Кан до Венеција, до Нов Зеланд, Бостон и други.

За филмот: Кинескиот магионичар Веи Линг Со е еден од најславните магионичари на своето време, но малкумина знаат дека тој всушност е Стенли Крафорд (Колин Фирт), еден намуртен и арогантен Англичанец. Убеден од страна на својот пријател, Хауард Буркан (Сајмон Мекбарнли), Стенли заминува на мисија на Азурниот Брег, во вилата на семејството Катлеџ, каде што се: мајката Грејс (Џеки Вивер), синот Брајс (Хејмиш Линклатер) и ќерката Керолин (Ерика Лирхсен). Се претставува како бизнисмен по име Стенли Таплингер, со цел да ја разоткрие заносната млада јасновитка Софи Бејкер (Ема Стоун), која престојува таму заедно со својата мајка (Марсија Геј Харден). Веднаш по пристигнувањето, Софи го привлекува вниманието на Брајс, кој силно се вљубува во неа. На крајот, најголемиот трик – „Магијата под месечевата светлина“ успева да нe прелаже сите нас.

Од селекцијата Гала Премиера во 17:30 во Милениум ќе се прикажува „Ида“ на Павел Павликовски. Филм кој освои многу награди во 2014 како за техничкиот дел, така и за актерската екипа.

За филмот: Полска, 1962 година. Ана е почетничка, сираче одгледано од калуѓерките во манастирот. Таа мора да оди да ја посети Ванда, единствената жива родина што ја има, пред да го даде својот завет. Ванда ѝ кажува на Ана дека е Еврејка. Двете жени започнуваат едно патување, не само за да ја откријат нивната трагична семејна приказна, туку и за да откријат вистината за себе и за тоа каде припаѓаат. И двете се сомневаат во своите религии и во идеите во кои веруваат. И двете се обидуваат да продолжат со животот, но само една од нив ќе успее во тоа.

Главните улоги ги толкуваат Агата Кулешча, Агата Трзебучовска и Давид Огродник.

Од филмовите на програмата Гала Премиера денеска во 20 часот ќе се прикажува турскиот „Рез“ на Фатих Акин, кој годинава беше дел и од фестивалите во Лондон, Хаифа, Хамбург и други.

Во рамките на СинеБалкан, во 19 часот во киното Фросина во МКЦ ќе се прикажува „Песната на мајка ми“ на Ерол Минтас кој освои две награди на Сараевскиот филмски фестивал 2014.

Литванскиот филм „Коцкарот“ на Игнас Јонинас во кино Фросина ќе се прикажува од 23 часот, додке од програмата за музички документарци, во истиот термин во Џебното кино на МКЦ ќе се прикажува „Време за импровизација“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.