НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата во Северна Ирска предупредува на можни напади на годишнината од мировниот договор

0
By Marta Pesevska on April 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА/архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полицијата во Северна Ирска денеска предупреди дека вооружени дисидентски групи планираат напади за време на велигденските празници, кога ќе се одбележи 25-годишнината од мировниот договор со кој заврши тридеценискиот конфликт во тој дел на Обединетото Кралство.

Полицијата соопшти дека добила разузнавачки информации за планирано насилство околу парадата во Лондондери која во понеделник ќе се одржи во знак на сеќавање на Велигденското востание во 1916 година против британската власт во Ирска.

Американскиот претседател Џозеф Бајден треба да го посети Белфаст следната недела, кога Северна Ирска ја одбележува годишнината од потпишувањето на Договорот од Велики петок на 10 април 1998 година, со кој заврши тридеценискиот конфликт меѓу католиците и протестантите во кој загинаа 3.600 луѓе.

Благодарение на тој договор, со посредство на САД, ирските републиканци (католици) и паравоените групи лојални на Лондон (протестантите) го положија оружјето и воспоставија заедничка влада во Северна Ирска.

Меѓутоа, мали дисидентски групи повремено вршат напади врз безбедносните сили. Како резултат на тоа, британските власти минатиот месец го подигнаа нивото на закана од тероризам во Северна Ирска на „сериозно“, што значи дека се смета оти напад е многу веројатен.

Извор: МИА

католици протестанти Северна Ирска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.