Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека САД води политика на „раздели па владеј“, а истакна и дека нема алтернативи за соработката помеѓу Москва и ЕУ.
Говорејќи пред руската Дума, Лавров рече дека руската конструктивност е во полза во време кога САД и сојузниците водат политика од личен интерес.
– Украинската криза е резултат на американските планови за проширување на геополитичкиот простор, потенцираше рускиот шеф на дипломатијата.
Според него, политиката на неговата земја е независна и во моментов привлекува партнери од Азија, Африка, Латинска Америка и од Европа.
– Подготвени сме да соработуваме под услови таа соработка да биде основана врз принципите на еднаквост, почит на меѓународното право и признавањето на клучните улоги на ОН, истакна Лавров.
Тој вели Москва воопшто не е виновна за влошените односи со Брисел по прашањето за украинската криза и дека Русија е против моменталниот негативен тренд во глобалните односи.




