Србија треба да воведе санкции против Русија во замена за преземањето на ЕУ, потврди еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
– Србија правнo се ангажира во рамките на преговорите за влегување во ЕУ постепено да се средат позиции со оние на Унијата. Координацијата вклучува и најтешките прашања, како што е прашањето на санкциите против Русија. Очекуваме од Србија да ги почитува овие свои обврски, вели Хан во интервју за „Вечерње новости“, пренесува РИА Новости.
Хан кој денеска е во посета на Србија вели ЕУ има разбирање за односите помеѓу Србија и Русија, но земјата на Томислав Николиќ својот курс веќе го дефинирала кон ЕУ.
– Очекуваме српската влада да продолжи да демонстрира приврзаност кон оваа стратешка цел и на дело, нагласува Хан.
Еврокомесарот ги повика Србија и порано да ја усогласи политиката во согласност со европската и да се приклучи кон санкциите против Русија, а српскиот премиер Александар Вучиќ отфрли категорично таквата можност: „Србија има влада која самостојно донесува одлуки во согласност со интересите на земјата. Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија нема да се промени за една ноќ“.




