Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Братство и единство наспроти мултикултурализам

0
By Ана Василевска on April 11, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 11, 2023 11:41

Не треба сите нешта да се прогласат за погрешни и нешто што треба да се надмине – некои концепти, политики, и модели на уредување може да се рециклираат и пресоздадат за новата ера, а еден од тие е токму југословенскиот модел на „братство и единство“.

Катерина КОЛОЗОВА

Се збра сѐ живо, и православно и муслиманско во земјава, сѐ живо што се смета себеси за верник, вознемирени и усојузени, против безбожниците кои застанаа зад еден бенигнен повик двете најголеми религии во земјава да не се провоцираат взаемно со наметливо звучно засилување на своите пеења, молитви и повици. Се чини дека едно вакво однесување имплицира став од типот „не ме интересира во што веруваш ти, ова е единствената можна вистина та ќе ја извикувам толку гласно што цел свет да ја чуе и разбере.“

Пред да се побунам во име на атеистите и агностиците и вредностите на секуларизмот, кои се и онака повици кои никој не ги слуша, да се концентрираме на нешто поургентно: ваквото однесување заличува на културна војна или нездрав натпревар што секако не помага во подобрувањето на меѓуетничките односи. Можеби целта не е провокација, но, независно од намерата, ефектот е тој – третирањето на својата Вистина, своето „верувам,“ како единствено точно, така што пораката би му ја засилиле да се слуша од тука до сонцето и крајот на универзумот (ако е можно), е всушност отсуство на почит за она „верувам“ на другите.  И овој натпревар на верниците воопшто и не би ме интересирал, доколку не сметам дека аспектот на интер-културно насилие – во форма на наметнување на сопствениот светоглед и уверувања – може да ги влоши односите и да доведе до дополнителна сегрегација по населби, делови од населби, општини и градови. Во време кога се обидуваме да изградиме едно општество за сите, „натпреварот на фалуси“ на двете најголеми конгрегации не помага ни најмалку. Напротив, одмага.

Но, да се прашаме како после толку лекции на тема „мултикултурализам,“ од политички и policy до академски и стручни, слогани и стратегии преповторувани речиси со децении, ние сеуште не знаеме да зборуваме за подобрени интеркултурни односи а мантрата за мултикултурен соживот одекнува празно? Прво, затоа што таа постмодерна веќе истрошена категорија „мултикултурност“ е буржујско-неолиберална концептуална направија која никаде никогаш вистински не профункционира. И покрај постојаното пропагирање на оваа вредност, најдобро што го добиваме е површна, привидна толеранција, затскриена зад пристојни насмевки во јавната сфера, наспроти длабока ксенофобија во интимата на секој (Западен) дом, барем во Европа.

„Мултикултурната Европа“ нѐ учи како взаемно подобро да се толерираме. Толеранцијата имплицира добро поднесување на туѓ елемент, додека „инклузивноста“ имплицира вклучување на елементите на малцинското во мејнстримот на репрезентативноста – при што сликата на Другиот е стерилизирана, „преиспрана“ во претставата на западната култура до нејзина непрепознатливост. Градот на околу 300 џамии, Париз, не ви овозможува ниту да слушнете ниту да видите ниедна од нив – другоста во нејзината „културна интима“ треба да се сокрие, да биде предмет на срам (кај Другиот). Оттука разбирлива е потребата од протестна демонстрација на културната посебност во сферата на јавниот простор. Тоа е моделот од кој треба да учиме, онака како што го поставила Европската унија, како вредносен идеал. Но, дали ние, во нашата поблиска историја имаме речиси активно сеќавање на друг модел, многу поуспешен од кој можеме да црпиме за градење нови модели?

Со еден збор, западниот „мултикултурен“ модел – не функционира успешно, ниту на Запад ниту овде. Предмодерната взаемна културна толеранција, османскиот еклектицизам, културата на милетот од кој можеме да ги извлечеме најдобрите лекции е, за жал, исчезнат – сега, секој е пуритански застапник на само својата песна, молитва, култура, а т.н. толеранција во мултикултурен контекст овде тешко се учи. Како што констатиравме погоре, и на Запад не се учи полесно, само лицемерието на институциите е поуспешно. Тоа е затоа што самиот концепт е политички слаб, роден во ерата на технократскиот неолиберализам кога, како што објаснуваат Шантал Муф и Ернесто Лаклау (Лакло, според некои), културното го заменува и убива политичкото. Треба да препознаеме дека неолибералниот модел запаѓа во криза, политичкото постепено си го зазема сопственото место кусо узурпирано од културното (или културолошкото), и да се потсетиме на нешто што некогаш сме го научиле, сме го знаеле и било ефикасно. Југословенскиот модел на „братство и единство,“ како политичка категорија, каде етничкото и културното се потчинети па и речиси ирелевантни во однос на политичкиот идеал на градење нова граѓанска (и пролетерски освестена) нација – југословенската – функционираше. Никој никого не „толерираше,“ туку, на еден многу органски начин, сите нации и етнички групи беа дел од истото општествено па, на некој начин, и национално ткиво. Го одбивам аргументот дека тоа е погрешен модел само затоа што бил поразен – за да пропадне, мораше да биде уништен, предмет на деструктивна офанзива, а агресорот има име – тоа беше национализмот на Милошевиќ и неговите пропоненти. Не сите нешта од таа југословенска ера треба да се прогласат за погрешни, надминати или нешто што треба да се надмине – некои концепти, политики, и модели на уредување може да се рециклираат и пресоздадат за новата ера, а еден од тие е токму југословенскиот модел на „братство и единство.“

Извор Рацин.мк

Катерина Колозова Мултикултурализам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.