Германската канцеларка ангела Меркел при посетата во Полска изјави дека безбедноста на Европа не е можна без Русија, и повика на преговори со земјата на Путин.
Според неа, економските санкции не се создадени сами по себе.
Премиерката на Полска Ева Копач и Ангела Меркел по средбата потсетија на завршетокот на мрачната историја помеѓу Германија и Полска.
– Колку е важно помирувањето се гледа денеска и во Украина каде што е нарушен територијалниот интегритет. Свесни сме за тешката историја на соседот Полска, Јасно реков дека солидарноста во НАТО односите важи за сите сојузници, изјави Меркел.
Таа укажа дека Германците се свесни за влијанието кое го извршиле врз Полска кога изби Втората светска војна, окупацијата на Полска, геноцидот на европските Евреи и Холокаустот.




