НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХЕРА: Стапката на непланирана бременост кај адолесцентите во земјава е 11 отсто и е една од највисоките во Европа

0
By Ана Василевска on April 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото/ Хера
Фото/ Хера
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стапката на непланирана бременост кај адолесцентите во земјава е 11 отсто и претставува една од највисоките во Европа. Дополнително, стапката на малолетнички породувања е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија. Најголем број меѓу малолетните мајки се Ромки, а сепак пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје им е ограничен. Ова се дел од информациите што беа споделени на дебатата „Колку се младите мајки, а особено Ромките, препознаени и услужени од системот на здравствена и социјална заштита“, во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Според истражувањето за влијанието на Ковид-19 врз пристапот на младите до информации за сексуалното и репродуктивното здравје, спроведено од младинската група во рамки на регионалниот проект „Младите зборуваат, младите одбираат“, дури 38 отсто од опфатените млади Роми се соочиле со тешкотии да дојдат до потребните информации за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ).

„Младите од ранливите заедници за многу теми од СРЗ покажале двојно поголема потреба од информации за разлика од општата популација. За младите мајки и за бремените, што е и за очекување, прашањата за бременост, породувања и грижа по породувањето биле од најголем интерес, додека младите Роми најмногу се интересирале за заштита од гинеколошки инфекции, менструација или третирање на хормонални проблеми. Постоечката општествена стигма и дискриминација, но и немањето здравствена документација и осигурување придонеле кај Ромите да биде отежнат пристапот до СРЗ услуги. Чувството на страв и анксиозност кај младите мајки поради слабата информираност за Ковид-19 влијаеле врз нивната здравствена безбедност“, посочуваат од ХЕРА.

 Азиза Сали од Здружението „Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари“ ја илустрира сериозноста на проблемот преку двата случаи на починати родилки, кои поради немање гинеколог во Општината за време на пандемијата, немале можност да прават редовни гинеколошки прегледи.

„Без пристап до матичен гинеколог во самата општина, девојките и жените не можеа ни да добијат потврда за контролирана бременост што создаде дополнителна пречка во остварувањето на социјалните права“, вели Сара Сејфула од Центарот за социјална работа.

Искуството на д-р Ламбе Крстески, кој работи како матичен гинеколог во Шуто Оризари во изминатите шест месеци, покажува дека пристапот до гинеколог е исклучително важен во грижата за репродуктивното здравје, но и за целокупната добросостојба на жената.

„Во моментот, кај мене се обраќаат 1000 Ромки. Досега се породени околу 15 Ромки, сите живи и здрави“, информира тој.

Нада Тофоска, социјална работничка од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, се осврна на социјалните последици што ги носат малолетната бременост и мајчинство.

„Поради бременоста, малолетните девојки и девојчиња го напуштаат образовниот процес, поради што подоцна ниско котираат на пазарот на трудот. Ова има долгорочни последици не само за нивната економска независност, туку и за нивното ментално здравје. Многу често тие се соочуваат со депресија, па и со физичко и сексуално насилство, што потоа драматично влијае и на нивниот однос кон децата“, посочува Тофоска.

Панелистите заклучија дека јавно-здравствениот и граѓанскиот сектор треба многу попосветено да работат на информирање на Ромките во репродуктивен период за достапните услуги и за придобивките од редовното посетување гинеколог, вклучително и за мерките предвидени за ранливите групи на жени во Превентивните програми на Министерството за здравство.

„Дел од решението несомнено може да биде и сеопфатното сексуално образование преку кое ќе се едуцираат младите Роми и Ромки за важноста на возраста во планирањето на бракот и бременоста наспроти постојните штетни практики кои произлегуваат од традицијата“, истакнуваат од ХЕРА. 

жени Ромки Непланирана бременост ХЕРА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.