НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

0
By Ана Василевска on April 26, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Маја Манолева, заменик министер за здравство
Маја Манолева, заменик министер за здравство
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство и Фондот за здравство со Владата се во фаза на преговори за обезбедување дополнителни средства за набавка на дополнителни количини од лекот „трикафта“, информираше денеска Маја Манолева, заменик министер за здравство, одговарајќи на новинарско прашање дали се обезбедени финансиски средства за набавка на лекот.

Манолева потенцираше дека е многу важно што во рамки на Министерството за здравство се формираше работна група која ќе ги дефинира сите критериуми за вклучување на пациентите за лекување со лекот од кој што имаат потреба, не само „трикафта, туку и за други лекови.

„Критериумите за следење на пациентите кои ќе бидат вклучени на таа терапија, критериумите за ефикасноста на лековите, сето тоа е веќе во финална фаза на дефинирање од страна на работната група, а во фаза на преговори се Министерството со Фондот за здравствено осигурување и Владата за обезбедување на дополнителни средства за набавка на дополнителни количини на лекот „трикафта“, којшто во моментов им е потребен на една група на пациенти со цистична фиброза“, изјави Манолева, која учествуваше на настан на МЗ и УНИЏЕФ по повод Недела на имунизација.

Претходно, претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар, најави дека пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на трети мај во 12 часот пред Министерството за финансии, ако не добијат одговор од надлежните институции,  до каде е работата со набавката на  „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот.

Болни од цистична фиброза заменик министер за здравство Лек трикафта Маја Манолева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.