Според поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов, Владимир Путин има позитивна улога во историјата на Русија, но предупредува дека актуелниот руски претседател не смее да ги направи истите грешки кој ги правел тој.
Според Горбачов Путин има голема улога во стабилизацијата на земјата по заминувањето на Борис Јелцин.
– Ние имаме остварен претседател, но се чини дека почна да пати од истите аномалии кои ги имав и јас – претерана самодоверба, изјави Горбачов.
Поранешниот лидер на СССР вели тогаш им се чинело дека „го фатиле Господ за брада“.
Сепак напоменува дека е сигурен дека Русија нема да се врати во минатото бидејќи младите растат во други времиња.
Присетувајќи се на притисокот со кој се соочуваше откако поднесе оставка во декември 1991 година, Михаил Горбачов вели издржал се и во план има да живее уште долго.
Тој е добитник на Нобеловата награда за мир во 1990 година.




