Published: Friday, November 21, 2014 13:16
Уапсени се неколку припадници на Хамас кои планирале атентат врз израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, соопшти изразелската безбедносна агенција Шин Бет.
Во акцијата во која се уапсени Ибраим ел-Зир, Зиад ел-Зир и Аднас Цабих учествувале и агенцијата и војската и полицијата.
Според соопштението кое го издаде агенцијата, тројцата осомничени прибирале строгодоверливи информации за конвојот на Министерството и нивното движење а планот бил да го нападнат со РПГ фрлач.
За време на војната во Газа летово, Ибрахим ел-Зир го подготвувал планот за нападот со намера да прати порака до Израел да престане војната, соопштува Шин Бет.




