НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката

0
By Marta Pesevska on April 29, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грејната сезона завршува утре, а со тоа и кризната состојба во енергетиката што ја прогласи Владата во септември лани, со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија во текот на целиот зимски период, како и топлинска енергија на жителите на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење.

-Во текот на целата грејна сезона имаше струја и парно, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот, истакна премиерот Димитар Ковачевски при неодамнешната посета на РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов.

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Енергетската транспарентност, додаде, ја издигнавме највисоко на листата на приоритети и цели шест месеци во текот на грејната сезона секој ден објавуваме информации за состојбата со производството на електрична енергија.

-Покажавме како транспарентно и успешно се справуваме со економско–енергетската криза од светски размери. Токму поради стручноста и напорот кој го дадоа сите вработени во ЕСМ имавме непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во текот на целата зимска сезона. Во услови на најголема светска енергетска криза, кога дел од земјите го пролонгираа стартот на грејната сезона, нашите  граѓани имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и парно кое стартуваше во точно пропишаниот рок и беше без проблеми во текот на цела грејна сезона, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека со зголеменото домашно производство, ЕСМ во целост, односно 100 проценти, обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи. Паралелно го презеде греењето со топлинска енергија во главниот град Скопје и таму обезбеди непречено снабдување со топлинска енергија.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе ја посети компанијата Еуропеан Плантс (European Plants) во село Прељубиште, Тетово.

Министерот за економија Крешник Бектеши, информира дека Министерството за економија како надлежна институцијата за енергетскиот сектор во државата од почетокот на грејната сезона работеше секојдневно со сите надлежни институции од енергетскиот сектор и носеше мерки се со цел успешно пребродување на енергетската криза.

-Можам да кажам дека сите заедно успеавме во тоа. Сега пред нас стојат нови предизвици, а тоа е пред се енергетската трансформација и зголемување на енергетската независност. Во наредниот период ќе продолжиме да работиме засилено и посветено во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори што ќе донесе поголема независност. Фокус исто така ќе биде и подготовка на следната грејна сезона која сум сигурен дека со новиот менаџмент на ЕСМ успешно ќе ја поминеме, посочи Бектеши.

Државата треба да ги поддржи и компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија, а не да ги остава сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите. Ако државата до јуни не им д

Од Стопанската комора неделава порачаа дека државата покрај поддршката на домаќинствата и компаниите кои се на регулираниот пазар треба да ги поддржи и компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија, а не да ги остава сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите.

Според Комората, доколку државата до јуни не им даде конкретни гаранции, големите компании треба сами да се здружат и да набават електрична енергија. Како што посочи претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, доколку лани не и верувале на Владата и компаниите сами се здружеле и набавеле електрична енергија таа ќе ги чинела по 118 евра за мегават час просечно. Тој побара конечно да има одговорност од Владата и најави дека една од можностите што им стои на располагање на компаниите, е по судски пат да бараат надомест за штетите што ги претрпеле од неисполнетите владини ветувања.

Одговорност, како што кажа, треба да се побара и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) заради издавањето на лиценци за трговија со електрична енергија на фирмите со само 5.000 евра гаранција и дозволувањето трговците со струја да немаат никаква одговорност ако ги прекинат договорите за снабдување што ги имаат потпишано со компаниите. Од Комората укажуваат дека РКЕ треба да ја намали и маржата што се наплаќа за пренос на електрична енергија, бидејќи таа е пресметана во моментот кога цената на струјата беше од 400 до 500 евра за мегават час и не соодветствува на сегашните стабилизирани цени на берзата кои се движат од 120 до 150 евра за мегават час.

null

Резултатите од  спроведената анкета на Стопанската комора за загубите кои ги претрпеа компаниите членки во енергетската криза во 2022 година покажуваат дека никаква државна поддршка не добиле 100-те компании од различни сектори кои беа на слободниот пазар на електрична енергија во кои има преку 100.000 вработени и кои генерираат најголем дел од БДП на државата.

Просечната цена на електричната енергија која ја плаќале била повисока од 180 евра за мегават час и тоа придонело да им се зголемат трошоците. Во компаниите во земјоделскиот и прехранбениот сектор за 100 отсто биле зголемени трошоците во делот на електричната енергија кои влегуваат во финалната цена на производот, во хемискиот сектор до 250 отсто, во металуршкиот сектор до 470 отсто и во угостителството и туризмот од 80 до 340 отсто. Единствено во текстилната и кожарската индустрија влијанието било до 25 отсто.

Најголем дел од компаниите  укажуваат дека ќе им се намали обемот на работа, ако и годинава има криза која ќе им ги зголеми трошоците за електрична енергија, а дел дури и не би можеле да функционираат воопшто. Укажуваат и на намалување на конкурентноста во споредба со регионот, бидејќи во регионот има субвенционирана цена на електричната енергија за стопанството.

Извор: МИА

грејна сезона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.