Published: Saturday, November 22, 2014 10:11
Телата на двајцата патници се извадени од автомобилот кој утринава во раните утрински часови слета во водите на Дунав, во близина на еден ресторан кај Ада Хуја. Се трага по уште едно тело за кое се смета дека било во багажникот.
Од водата се извадени и две момчиња на возраст од 19 и 20 години и 18 годишна девојка, сите со знаци на хипотермија, премрзнати, со намалена температура на телата.
Тројцата патници успеале да испливаат, а возачот на автомобилот кој е еден од тие што се спасиле се наоѓа кај истражен судија. Според првичните информации до несреќата дошло кога возачот на автомобилот марка БМВ, изгубил контрола и слетал во водата.




