Во пресрет на вонредните парламентарни избори во Црна Гора, закажани за 11 јуни, движењето „Европа сега“ предлага програма за воведување седумчасовно работно време.
„Европа сега“ објави дека податоците покажуваат дека вработените во Црна Гора имаат една од најдолгите работни недели во Европа, во просек над 42 часа, што е повеќе од просекот во земјите на ЕУ за шест часа неделно.
Тие потсетуваат дека според податоците на Евростат за 2021 година, вработените во земјите на ЕУ на возраст од 20-64 години работеле во просек по 36,4 часа неделно, а таа бројка варира од 32,2 часа во Холандија, 33,7 часа во Австрија до 40,1 часа во Грција.