Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нашето млеко безбедно-се шири листата на увозни канцерогени

0
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 25, 2013 20:08

Домашното млеко е сигурно и безбедно за употреба – резултатите од преку 20 испитани мостри од средата до сега, покажале дека концентрацијата на афлатоксин М1 секаде е под ризичното ниво.

„Македонските граѓани слободно нека го конзумираат македонското млеко, испитани се мостри на Битолска млекара, Алпи-Тетово, Здравје Радово, Струмичка млекара, Бучен Козјак и други млекари“, изјави Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тој вели дека освен млекото биле испитани и мостри од млечни производи, кашкавал, сирење и слично.

Анализи ќе бидат направени уште на 15 домашни млека.

Агенцијата информираше денеска, дека од увозните млека зголемено присуство на афлатоксин било пронајдено во неколку прaтки на Имлек, Алпско, Маестро Ниш и една пратка на Винџија.

Овие пратки се чуваат во магацин – ќе бидат уништени или вратени во земјите каде што доаѓаат.

Увезените млека со спорен датум се повлечени од рафтовите во маркетите. Во петокот е донесена наредба за јавно ветеринарство и здравје со која секој произвидител е должен да го испита присуството на афлатоксин, со што ќе гарантира дека неговото млеко е исправно.

Од Агенцијата за храна тврдат дека методата со која се испитува присуството на афлатоксин е акредитирана и нема потреба примероците да се праќаат на супер анализа во странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.