ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го назначи Неџат Курт за нов Генерален директор, од 1-ви мај 2023 година. Метин Батак ја напушта позицијата на Генерален директор и ќе биде назначен за член на Извршниот одбор на компанијата ТАВ Тунис, која што управува со аеродромите Енфида Хамамет и Монастир.
Неџат Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште од влезот на ТАВ на македонскиот пазар е дел од високиот менаџмент на ТАВ Македонија. Во 2008 година беше назначен од страна на ТАВ Аеродроми како еден од менаџерите кои го водеа проектот за концесија во Македонија. Тој работеше на скопскиот аеродром 2 години, а во 2010 година беше назначен за менаџер на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. По 2 години, во 2012 година беше назначен за менаџер на скопскиот аеродром и управуваше со целокупните аеродромски операции во македонскиот главен град.
Покрај турскиот, како негов мајчин јазик, Курт течно зборува англиски и германски јазик.
ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ги заврши првите четири месеци од 2023 година, јануари – април, со 753.377 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 44% во однос на истиот период во 2022 година, a 8% во однос на 2019 година која се смета за реферетна. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 6.010, со годишен пораст од 35% и 4% во однос на 2019 година.