Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телеком со зголемени приходи од продажба за 3,7 проценти во првиот квартал

0
By Соња Крамарска on May 2, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 2, 2023 15:26

Македонски Телеком денеска објави дека во првиот квартал годинава има зголемени приходи од продажбата за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари.

Од компанијата  информираа дека за разлика од 2022 година кога оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација бележеше пад, во првите три месеци од годинава таа е зголемена за 5,6 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката, соопштува Телеком, бележи пораст од дури 33,2 проценти.

„Споредено со истиот период во 2022 година, Телеком го зголеми бројот на пристапи до оптика за 11 проценти и сега тој изнесува 281 000. Во март, бројот на корисници на оптика надмина 100 000. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање, информита телекомуникацискиот оператор, посочувајќи и дека продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во 27 градови и нивните околини.

Компанијата дополнува дека бројот на корисници продолжил да расте во првите три месеци на 2023 година во сите сегменти и оти на ТВ пазарот имаат удел од 33,6 проценти и раст од 1,2 проценти или 148 илјади корисници.

„Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8 проценти и изнесува 204 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,3 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,25 милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечка позиција со удел од 61,2 проценти и 224 илјади корисници“, стои во инфирмацијата за резултатите од работењето во првиот квартал годинава.

Добивка Телеком
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.