Турската полиција соопшти денеска дека навивачот на Црвена Ѕвезда , кој беше убиен минатата ноќ во близина на спортската сала во Истанбул настрадал во меѓусебна тепачка на српските навивачи.
„Се случи инцидент помеѓу фановите на Црвена Ѕвезда кои немале билети за вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу клубот и Галатасарај”, се вели во полицискиот извештај за инцидентот минатата ноќ, пренесува „Хуријет”.
Според полицијата, приврзаниците на клубот се судриле уште пред да почне натпреварот.
„Полицајците беа лоцирани помеѓу навивачките групи и тие не доаѓаат во контакт едни со други”, соопшти полицијата.
-Кога полцијата ги одвојуваше групите навијачи, еден од фановите на Црвена Ѕвезда во досега неразјаснети околности е забоден со ладно оружје од што подоцна и починал, се вели во соопштението.




