НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина се сеќава на Поморот од глад

0
By Нова ТВ on November 22, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секоја четврта сабота на ноември Украина го одбележува сеќавањето на милионите сонародници кои станаа жртви на Поморот од глад 1932-1933 година.

74-годишната историја на управувањето на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз беше одбележана со низа масовни злосторства кои се замолчуваа со децении.

Нејзината официјална историја се подаваше како бескраен пат на победи и придобивки кои требаше да ја оправдаат неопходноста од масовното уништување на сопствениот народ во името на високите цели:„шумата ја сечат – иверки летаат“.

Таа наивна филозофија целосно го одрази злосторничкиот карактер на сталинскиот режим кој всушност го расчистуваше патот до „светлата комунистичка иднина“. Едно од страшните злосторства стана вештачкиот глад или Поморот од глад во Украина, организиран од комунистичкото раководство во 1932-1933 година. На таков начин сталинскиот режим го казнуваше украинското селанство за незивршување на планот на испораките на жито и пројавувањето на националната свест.

Конфискацијата на сите прехранбени производи без исклучок во текот на 1932-33 година непосредно доведе до нивно убиство со глад во милионски размери. При тоа, советската власт имаше значителни резерви на зрно во резервите и правеше негов извоз во странство во текот на Поморот од глад, го забрануваше и блокираше, меѓу другото и со војска, излегувањето на гладните надвор од границите на Украина, се откажуваше од примање на помош од странство за гладните.

Вистинските размери на ова злосторство до сега уште не се констатрани поради недостиг на документи, особено на тие што се чуваат во Москва. Руската страна не брза со отворањето на нејзините архиви, го оспорува геноцидниот карактер на гладот во Украина, раководејќи се при тоа од чисто политички мотиви.

Не треба да се заборави дека и во 30-те години се правеше се за да се „покријат трагите“: меѓу другото, советското раководство им забрани на органите за евидентирање на актите на граѓанската состојба на граѓаните, на органите на пописот на природното движење на населението и на медицинските установи да ја евидентираат вистинската причина за смртта.

Како резултат од работата на Службата за безбедност на Украина, со вклучување на сите достапни извори на информации е констатирано дека жртви на Поморот од глад во Украина беа 3 милиони 941 илјада лица.

Според податоците на истрагата е одредено исто така дека загубите на Украинците во делот на неродените изнесува 6 милиони 122 илјади лица.

На 28 ноември 2006 година, Врховната Рада на Украина на својата седница го призна Поморот од глад за геноцид. Во ноември 2003 година 58-та сесија на Генералното собрание на ООН ја донесе „Заедничката изјава по повод 70-годишнината од Големиот глад 1932–1933 година“, каде тој беше признаен како национална трагедија на украинскиот народ.

На 23 октомври 2008 година Европарламентот го призна Поморот од глад во Украина како „ужасно злосторство против украинскиот народ и против човештвото“ и ги повика „сите земји на некогашниот Советски Сојуз да дадат целосен пристап до архивите за Поморот од глад 1932-1933 година за сестрано изучување и откривање и целосно констатирање на сите причини и последици“.

На 28 април 2010 година Парламентарното собрание на Советот на Европа ја одобри резолуцијата за одбележување на сеќавањето на жртвите од глад 1932–1933 година во Украина и другите републики на некогашниот Советски Сојуз, оддавајќи почит на сеќавањето на жртвите од гладот и осудувајќи ја жестоката политика на сталинскиот режим.

ПАСЕ исто така истакна дека во Украина, која настрада најмногу, селанството претрпе посебен удар од Големиот Глад, и милиони индивидуални земјоделци и членови на нивните семејства умреа од глад, што дојдед по трагата на присилната „колективизација“, забраната за напуштање на погодените од глад територии и конфискација на житото и дргите прехранбени производи.

Овие трагични настани се дефинираат како Помор од глад политички предизвикан глад и признаен и од страна на украинскиот закон како акт на геноцид врз Украинците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.