НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва свеченo затварање на 13-тиот фестивал на европски филм Cinedays

0
By Нова ТВ on November 22, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фото: Ана Лазаревска

Во кино Милениум вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи Церемонија на доделување на награди на 13 –тиот фестивал на европски филм Cinedays.

Наградите се за филмовите во официјална конкуренција, златна ѕвезда за најдобар филм, сребрена ѕвезда за најдобар режисер, сина ѕвезда за најдобро сценарио. Во селекцијата Сине Балкан се доделува наградата златно сонце за најдобар филм. Ќе биде доделена и награда за најдобра филмска критика. Статуетките и за овогодинешното издание на фестивалот на европски филм Cinedays ги изработи скулпторот Иван Ивановски.

За свеченото затварање ќе се погрижи Оркестарот на македонска филхармонија

Во кино Фросина денеска на репертоар од програмата на „Синедејс“ филмскиот фестивал публиката со почеток во 21:о0 часот ќе има можност да го погледне филмот „Барајќи го Фела“ во режија на Алекс Гибни.

„Барајќи го Фела“ ја раскажува приказната за животот на Fela Anikulapo Kuti, неговата музика и неговото социјално и политичко значење. Тој создаде ново музичко движење, Афробит, форум со чија помош тојх ги изразува своите политички ставови против диктаторската нигериска влада од 70-тите и 80-тите. Неговото влијание придонело за промена кон демократијата во Нигерија и за промовирање панафриканска политика во светот. Моќта и силата на пораката на Фела е потполно современа и денес и е изразена и во политичките движења на угнетениот човек кои ја прифаќаат музиката и пораката на Фела во нивната борба за слобода.

Филмот својата премиера ја имал на Санденс филм фестивал во јануари 2014, а потоа е прикажан и на филмските фестивали во Калгари и Ванкувер.

Вечерва истотака, со почеток во 22Ч30 часот во МКЦ е закажан настаp на Ди Џеј сет на Оливер Белопета.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.