Универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети во интервју за „Локално“ вели дека ја поддржува потребата од започнување на коридорот и изборот на изведувач и дека самиот изведувач нема да дозволи да биде нарушено неговото реноме и да ги загрози сопствените референци добиени насекаде низ Европа.
Во однос на предлогот на ВМРО ДПМНЕ за раскинување на договорот со „Бехтел и Енка“, Беџети рече дека сите видовме како оваа партија го правеше договорот за автопатот Кичево-Охрид и како тој договор беше „реализиран“.
„Не би ги коментирал мотивите зошто сега ВМРО ДПМНЕ излегува со ваков предлог кога тоа не го направија ведаш откако цела јавност слушна како тие го направиле договорот за автопатот Кичево-Охрид, кој се гледа како се реализира и по динамика и по вредност на договорот. Да беа истите реакции и за тој дел, апсолутно ќе бше легитимно тоа да го бараат и сега“, посочи Беџети.
Тој додаде дека коридорите 8 и 10д ќе се реализираат и тоа ќе биде модел за во иднина, со какви изведувачи треба да се преговара.
„Не вели џабе народот сиромавиот плаќа поскапо! Е тоа ни се случува речиси со сите досегашни проекти. Па зарем толку кратко паметење имаме што се случува во одредени делници на коридорот 10, со тогашниот ‘Актор’, и други грчки или пак домашни фирми? Или пак проектот со пругата Бељаковце- бугарска граница за кој речиси се потрошени почетните предвидени инвестициски износи од околу 250 милиони долари а проектот за 30 години не е реализиран ниту 30%, дури во некои сегменти и се плаќаше за конзервација на домашни компании! До каде се тие
денеска со реализацијата?“, истакна Беџети.