НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СИНЕДЕЈС 2014: „Златна ѕвезда“ за најдобар филм годинава ја доби „Тир“

0
By Нова ТВ on November 23, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Златна ѕвезда“ за најдобар филм во официјалната конкуренција на 13. фестивал на европски филм „Синедејс“ ја доби италијанско-хрватската копродукција „Тир“ на режисерот Алберто Фасуло.

Жирито во состав Кристин Долхофер, уметнички и генерален директор на повеќе филмски фестивали, Едоардо Винспеаре, режисер и продуцент и Лидија Мело, која е независен уметник, но предава и Филмска уметност на Универзитетот PUC Минас, вчеравечер во кино “Милениум“ ги соопштија наградените на годинашниот Фестивал на европски филм.

Наградата „Сребрена ѕвезда“ за најдобар режисер ја доби Шавкат Амин Корки за ирачко-германската копродукција „Спомени во камен“.

„Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио му беше доделена на грузиско-украинскиот филм „Состаноци на слепо“ на режисерот Леван Когуашвили.

Во селекцијата „Синебалкан“ за најдобар филм беше прогласен српскиот „Исцелување“ на режисерот Иван Јовиќ, кој ја доби наградата “Златно сонце“. Специјални признанија добија филмовите „Бота“ (копродукција на Албанија, Италија и Косово) во режија на Ирис Елези и Томас Логореци.

Истата награда ја доби и хрватскиот „Vis-a-Vis“на режисерот Невио Марасовиќ.

Жирито за програмата „Синебалкан“ го сочинуваа Нана Ѓорѓадзе, режисер, сценарист и член на Европската филмска академија, Ник Холдсворт, британски новинар и писател и Паоло Спина, италијански режисер и продуцент.

И годинава селектор на 10-те филма во официјалната селекција и на петте во селекцијата„Синебалкан“ беше Бернд Будер.

Наградата за најдобра филмска критика која „Синедејс“ја доделува втора година по ред, ја добија двајца – Ана Поп Стефанија за рецензија на филмот „Песната на мајка ми“ и Васко Маглешов за рецензија на „Шумите се се уште зелени“. Жирито во состав, Влатко Галевски, Ана Јовковска и Тони Димков беше исправено пред тешка задача со оглед на големиот одѕив на конкурсот. Наградените текстови и оние кои влегоа во потесен избор ќе бидат објавени на веб-страницата на фестивалот (www.cinedays.mk).

-Завесата ја спуштивме со концерт на филмска музика во изведба на Македонската филхармонија која изведе музика од познати филмски наслови, аранжирани и адаптирани од композиторот Сони Петровски. Концертот му го посветивме на сликарот Милош Коџоман кој во петокот почина по кратко боледување, велат организаторите.

Во изминативе десет дена, прикажани се над 100 филмови, голем дел од нив гала-премиери на познати режисери и учесници на престижни фестивали, одржани се десет концерти и пет филмски работилници а пречекани беа над 200 гости, пријатели на фестивалот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.