Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина се сеќава на Поморот од глад

0
By Нова ТВ on November 24, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 24, 2014 10:20

Пишува: Јури Хончарук. амбасадор на Р. Украина во Р.Македонија

Секоја четврта сабота на ноември Украина го одбележува сеќавањето на жртвите на милионите сонародници кои станаа жртви на Поморот од глад 1932-1933 година.
74-годишната историја на управувањето на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз беше одбележана со низа масовни злосторства кои се замолчуваа со децении.

Нејзината официјална историја се подаваше како бескраен пат на победи и придобивки кои требаше да ја оправдаат неопходноста од масовното уништување на сопствениот народ во името на високите цели: «шумата ја сечат – иверки летаат».

Таа наивна филозофија целосно го одрази злосторничкиот карактер на сталинскиот режим кој всушност го «расчистуваше» патот до «светлата комунистичка иднина».

Едно од страшните злосторства стана вештачкиот глад или Поморот од глад во Украина, организиран од комунистичкото раководство во 1932-1933 година.

На таков начин сталинскиот режим го казнуваше украинското селанство за незивршување на планот на испораките на жито и пројавувањето на националната свест.
Конфискацијата на сите прехранбени производи без исклучок во текот на 1932-33 година непосредно доведе до нивно убиство со глад во милионски размери.

При тоа советската власт имаше значителни резерви на зрно во резервите и правеше негов извоз во странство во текот на Поморот од глад, го забрануваше и блокираше, меѓу другото и со војска, излегувањето на гладните надвор од границите на Украина, се откажуваше од примање на помош од странство за гладните.

Вистинските размери на ова злосторство до сега уште не се констатрани поради недостиг на документи, особено на тие што се чуваат во Москва.

Руската страна не брза со отворањето на нејзините архиви, го оспорува геноцидниот карактер на гладот во Украина, раководејќи се при тоа од чисто политички мотиви.

Не треба да се заборави дека и во 30-те години се правеше се за да се «покријат трагите»: меѓу другото, советското раководство им забрани на органите за евидентирање на актите на граѓанската состојба на граѓаните, на органите на пописот на природното движење на населението и на медицинските установи да ја евидентираат вистинската причина за смртта.
Како резултат од работата на Службата за безбедност на Украина, со вклучување на сите достапни извори на информации е констатирано дека жртви на Поморот од глад во Украина беа 3 милиони 941 илјада лица.

Според податоците на истрагата е одредено исто така дека загубите на Украинците во делот на неродените изнесува 6 милиони 122 илјади лица.

На 28 ноември 2006 година, Врховната Рада на Украина на својата седница го призна Поморот од глад за геноцид.

Во ноември 2003 година 58-та сесија на Генералното собрание на ООН ја донесе «Заедничката изјава по повод 70-годишнината од Големиот глад 1932–1933 година», каде тој беше признаен како национална трагедија на украинскиот народ.

На 23 октомври 2008 година Европарламентот го призна Поморот од глад во Украина како «ужасно злосторство против украинскиот народ и против човештвото» и ги повика «сите земји на некогашниот Советски Сојуз да дадат целосен пристап до архивите за Поморот од глад 1932-1933 година за сестрано изучување и откривање и целосно констатирање на сите причини и последици».

На 28 април 2010 година Парламентарното собрание на Советот на Европа ја одобри резолуцијата за одбележување на сеќавањето на жртвите од глад 1932–1933 година во Украина и другите републики на некогашниот Советски Сојуз, оддавајќи почит на сеќавањето на жртвите од гладот и осудувајќи ја жестоката политика на сталинскиот режим.
ПАСЕ исто така истакна дека «во Украина, која настрада најмногу, , селанството претрпе посебен удар од Големиот Глад, и милиони индивидуални земјоделци и членови на нивните семејства умреа од глад, што дојдед по трагата на присилната «колективизација», забраната за напуштање на погодените од глад територии и конфискација на житото и дргите прехранбени производи.

Овие трагични настани се дефинираат како Помор од глад политички предизвикан глад) и признаен и од страна на украинскиот закон како акт на геноцид врз Украинците».

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.