НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триесет и седум отсто од децата не се чувствуваат безбедно во училиште, 24 проценти се жртви на физичко насилство

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Триесет и седум отсто од децата во нашите училишта истакнуваат дека не се чувствуваат безбедно во училиште. Дури 24 проценти од децата велат дека се жртви на физичко насилство, покажуваат резултатите од научно – истражувачкиот проект реализиран од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 2.000 ученици и според професорката Софија Георгиевска која е дел од тимот што работеше на истражувањето, покажува дека насилството е во пораст.

„Дигиталното насилство е едно од најчестите проблеми со коишто младите или децата се соочуваат. Тоа што за мене е фрапантен податок е дека 37 отсто од децата истакнуваат дека секојдневно не се чувствуваат убаво и безбедно во училиште“, изјави Георгиевска.

Таа додаде дека не секогаш децата знаат да го идентификуваат насилството.

„Некогаш ќе кажат дека некој се пошегувал, меѓутоа дека тоа не е насилство. Меѓутоа, доколку ги прашаме како се почувствувале во тој момент, велат дека не им било пријатно и дека ако тоа се случува повеќе од двапати во неделата, не сакаат да одат утре во училиште. Мислам дека тука некаде треба да го запалиме алармот, којшто треба да ни покаже колку треба да работиме со нашите деца“, нагласи Георгиевска.

Геогиевска апелира до родителите и до наставниците да разговараат со децата. Она што за неа е алармантно е што 27 проценти од децата не знаат како и на кого да му соопштат дека се жртви на насилство.

„За мене, поголем аларм е што 27 отсто од децата немаат на кого да му соопштат или не знаат каде да соопштат, доколку се чувствуваат како жртва на насилство. Дваесет и седум е огромен процент кој што ни вели ‘јас се чувствувам лошо, а не знам каде да го кажам тоа“, истакна Георгиевска.

Заложбите на Владата, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, се да има мирна и безбедна средина во училиштата. Најважно, според него, е да се делува превентивно.

„Сите заедно треба да промовираме позитивни вредности, за младите да се изградат во квалитетни добри личности и насилството никогаш да не биде опција. Да делуваме превентивно, за да не биде предоцна“, додаде министерот.

Во фаза на изработка, како што соошти, е протокол, а првите препораки ќе бидат доставени до училиштата до крајот на неделата.

безбедност на учениците истражување универзитет „Кирил и Методиј“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.