НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со „Триумфалниот марш“ од Вердиевата „Аида“ и палење на фестивалскиот оган отворени 51. Мајски оперски вечери

0
By Ана Василевска on May 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со звуците на „Триумфалниот марш“ од Вердиевата „Аида“ и со палењето на фестивалскиот оган, кој го запали маестро Томислав Шопов, во Националната опера и балет (НОБ) вчера свечено беа отворени меѓународните 51. Мајски оперски вечери. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на отворањето  на манифестацијата, премиерната изведба на операта „Набуко“ од Џузепе Верди ја поврза со 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа.

„Библиската старозаветна приказна за покорените и протерани Евреи од својата татковина и силината на музиката на „Набуко“ се како копнеж, крик на сите народи за слобода и обединување во траен мир зашто Набуко не е единствениот низ историјата кој безразумно урива, поробува и убива. За жал, такви ликови имало и ги има и ним уметноста никогаш не им била на срце. За среќа, не ѝ се ни тие на срце на уметноста“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Музичките критичари, додаде, за „Набуко“ ќе напишат дека изведбата на оваа опера можат да си ја дозволат само оперските куќи кои располагаат со вистинска вокална моќ.

„Нашата Опера и балет ја има таа моќ на која ќе сведочиме и вечерва благодарение на сите оние што ја основаа, ја подигнаа и ја издигнаа во врвна национална установа. Им благодарам и на сите режисери, диригенти, костимографи и сценографи кои дојдоа и доаѓаа како странски гости, а си заминаа со чувство како да си одат од дома“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Годинава фестивалот е во знакот на одбележувањето на 210-годишнината од раѓањето на Џузепе Верди, а „Набуко“ во НОБ ја постави екипа од Италија. Диригент беше Даниеле Аџиман, режисер Ренато Бонајуто, а како солисти настапија Марјан Јованоски, Абигале Злата Тошевска, Игор Дурловски и други, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет, женскиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

На „Мајските оперски вечери“, кои ќе траат до 31 мај, ќе бидат изведени и балетот „Лебедово езеро“ од Чајковски, операта „Кармен“ од Жорж Бизе, „Травијата“ од Верди. Јубилејот 210 години од раѓањето на големиот композитор Џузепе Верди ќе биде одбележан со изведба на едно од најмоќните и најдраматични дела во историјата на класичната музика, „Реквием“, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонијата, а ќе настапи и хорот од НОБ.

Педесет и првото издание на „Мајските оперски вечери“ ќе биде затворено на 31 мај со изведба на Вердиевата „Аида“.

Мајски оперски вечери Македонска опера и балет министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.