НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Бојл: Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД

0
By Ана Василевска on May 10, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Ковачевски-Бојл
Ковачевски-Бојл
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија изминатите години донесе повеќе мудри и храбри одлуки кои овозможија одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, и преку кои се покажа дека земјата може да функционира како вистинска мултиетничка демократија, е заклучено на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски, кој е во работна посета на Вашингтон, со конгресменот Брендан Бојл од Пенсилванија.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот го поздрави силниот фокус на САД кон регионот на Западен Балкан при што Ковачевски изрази уверување дека со заемни напори може да се создаде пријатна средина за инвестирање и креирање работни места во регионот, особено за младите луѓе, а во меѓувреме да се нудат можности за инклузивен, транспарентен економски раст, повисоки нивоа на трговија и директни инвестиции.

Премиерот се заблагодари на конгресменот Бојл за неговата поддршка на земјата во носењето на најважните одлуки во изминатиот период и гласната поддршка во Претставничкиот дом за нашата евро-атлантска интеграција.

Конгресменот Бојл ја нагласи целосната поддршка за следните чекори на Северна Македонија во евроинтегративниот процес, како и за заложбите за севкупен развој на регионот. Како долгогодишен пријател на Северна Македонија, Бојл посочи дека е навистина горд на влијанието кое што го има македонската заедница во САД, стои во владиното соопштение.

Ковачевски на средбата истакна дека Северна Македонија останува стабилен, стратешки партнер и докажан сојузник на САД, билатерално и во НАТО, фокусирана на заедничката посветеност кон безбедност, слобода и демократски просперитет, како и на заедничките активности во борбата против тероризам и други закани по светскиот мир и стабилност, додаваат од Владата.

САД Средба Ковачевски-Бојл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.