Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер е против влегувањето на Украина во НАТО бидејќи не верува дека тоа е реално. Тој инсистира на партнерство а не на членство во НАТО за земјата.
Според него Украина нема да влезе во Европската унија во блиска иднина, пренесува Раша Тудеј.
Од друга страна Русија апелираше до Украина да не влегува во НАТО бидејќи за неа неопределениот статус е во најдобар интерес.
– Нема сомнеж дека овој статус на Украина е значаен не само поради стабилноста во евроатлантската зона, туку е и во интерес на украинскиот народ, изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
Изјавата на Лавров доаѓа откако портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека Русија бара стопроцентна гаранција дека никој нема да помисли на влез на Украина во НАТО.




