Директорот на Државната испитна комисија во Јужна Кореја поднесе оставка поради грешки направени при екстерно испитување. Министерот за образование објави јавно извинување за грешките поради кои над 4.000 средношколци добиле пониски оценки.
Екстерните тестови во Јужна Кореја кои беа спроведени на 16 ноември годинава, ги полагале околу 650.000 средношколци, а резултатите се главен услов за тоа на кој универзитет тие ќе можат да конкурираат.
Во една од најбогатитете азиски држави потеклото на универзитетската диплома е важен услов за идното вработување, а според неколкугодишните испитувања и една од причините за влегување во брачна заедница во семејства од повисоки општествени кругови, ако се има диплома од елитните универзитети.
Во екстерното испитување за средношколци, воведено пред 10 години, ова е трет директор на Комисија кој поради пропусти поднесува оставка.




