Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА – Станбен кредит: Каматите паѓаат, долговите достигнаа 350 милиони евра

0
By Нова ТВ on November 24, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 24, 2014 13:24

Банките објавија ново намалување на каматите за станбените кредити- потег кој треба да ја зголеми побарувачката, сосбено на они што ги субвениционира државата со народни пари. Според податоците на Народната банка, во октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесувала 1,7 милијарди евра, пришто е регистриран значен пораст кај потрошувачките кредити и станбените кредити. Банакрите до крајот на годинава очекуваат зголемена побарувачка за кредити, но не и позначајно релаксирање, односно олабавување на условите за одбрување на кредити. Градежниците пак велат дека цените на становите во централното градско подрачје нема да се намалуваат, но и дека побарувачката за станови во периферните населби паѓа, анализира „Порталб“.

Становите на периферија – неатрактивни, какви ќе бидат цените?

Каматите за станбените кредити што се нудат преку преоктот „Купи куќа-купи стан“ се намалија на 3,9%, стапка која е гарантирана во првите три години. Оваа камата се смета за досега најниска, и треба да ја стимулира побраувачката за кредити. Според дел од градежниците, ова намалување на каматите нема значајно да влијае врз побарувачката за станови кои се продаваат надвор од централното градско подрачје.

– Сметам дека намалените камати за станбените кредити се прилагодени за акцијата “Купи куќа-купи стан“. Во овој момент има зголемена побарувачка за станови на подобри локации, во потесносто градско подрачје. Во поширок опсег, односно во периферните населби и покарј пониските цени на становите, еве сега и на каматите за кредити, побарувачката се намалува, вели Никола Велковски од Комората на градежници.

Според Министерот за финанасии, пак проектот „Купи куќа, купи стан“ постигнал значителен ефект за зајакнување на конкурентската понуда на банки со намалување на каматите. Ставрески оцени дек каматните стапки за станбените кредити се на историски најниското ниво од околу три проценти и оти тоа е добра можност за многумина граѓани еднаш засекогаш да го решат станбеното прашање.

– Банките, имајќи предвид дека каматните стапки преку проектот „Купи куќа, купи стан“ се ниски, под четири проценти, извршија намалување на каматните стапки за да можат и од сопствени средства да даваат станбени кредити. Каматната стапка за овие кредити е дојдена на историски најниско ниво. Да се добие станбен кредит со камата пониска од три проценти е добра шанса граѓаните да го решат станбеното прашање еднаш да засекогаш, изјави министерот Ставрески.

Во септември, според податоците на Зааводт за статистика, планирана била изградба на 448 станови во земјава. Од нив повеќе од половината или 296 станови се планирани да се изградат во Скопскиот регион, во кој предничат Аеродром со нови 132 станови, Илинден со 88 станови и Центар со 55 нови станови. Во општината Гази Баба е планирана изградба на 9 станови, додека во Карпош и Кисела вода по три станови. На листат според бројот на ново изградени станови следува Полошкиот регион со 50 станови од кои во Гостивар ќе се градат 23 станови, Тетово 5 станови, по шест во Брвеница и и Врапчиште. Во Југозападниот регион во септември бла планирана изградба на 35 станови, од кои 16 во Дебар и 12 во Струга, следуваат Источниот регион со 20, Пелагониски регион со 19, Југоисточен регион со 11 станови и Североисточен регион во кои ќе се изградт 9 станови.

Според Велковски, во периодот што следува не треба да се очекува намалување на цената на квадратен метар станбен простор бидејчи трошоците за градба растат.

– Во потесното градско подрачје не сум сигурен дека цените на становите ќе се намалуваат. Може да се случи инцидентен пад на цените, само како мементално намалување кога на градежниците би им требале итно пари. Цените не можат значајно да се намалат бидејќи трошоците за работа остануваат исти, да се плати работната рака и материјалите за работа, чии цени не се намалуваат а не очекувам тоа да се случи во иднина, вели градежникот Велковски кој посочува дека токму локацијата е пресудна за цената на станот.

Според него, највисока цена од околу 1200 евра за квадратен метар имаат становите во централното градско подрачје и главно се однесуваат за помали згради со околу 50 тина станови. За разлика од овие згради, во останатите населби се нудат станови во поголеми комплекси, со повеќе станови, што секако е уште еден фактор кој влијае врз пониската цена.
Во неодамнешниот извештај Народната Банка регистрираше раст на цените на недвижностите, откако два квартали по ред тие се намалуваа.

– По забележаното намалување во претходните два квартала, цените на недвижностите забележаа зголемување во вториот квартал на 2014 година. Имено, индексот на цените на становите е повисок за 2,2% на квартална основа, што придонесе за забавување на падот на цените на годишна основа (пад од 0,4%, по падот од 3,1% во првиот квартал на 2014 година), пишува во извештајот на НБРМ.

Досега преку проектот „Купи куќа купи стан“, кредити земале 350 семејства а вредноста на исплатените субвениции изнесува 2,5 милиони евра. Во проектот се вклучени девет банки.

Задолженост за станбени кредити…

Во октомври, кредитната задолженост на граѓаните изнесувала 1,7 милијарди евра и според најновите податоци на Народната Банка задолженоста и во десеттиот месец во однос на претходниот е во пораст. Според податоците, од почетокот на годинава, во континуитет расте задолженоста и со денарски и со девизни кредити.

Граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачки кредити, така по овој основ во октомври тие на банките должеле 745 милиони евра.

Расте и задолженоста по основ на станбени кредити, која во октомври достигна скоро 348 милиони евра.

Податоците укажуваат на раст на задолженоста и по основ на кредитни картички и други видови на кредити, додека намалување има кај автомобилските кредити и негативните салда на тековните сметки.

Според најновите податоци на Народната Банка во октомври вкупната кредитна задолженост на фирмите и на граѓаните во банките изнесува 4 милијарди евра и за еден месец се зголемила за околу 17 милиони евра. Податоците покажуваат дека се зголемува кредитната задолженост во денари, додека задолжувањата во странска ваклута се намалуваат.

Во исто време, додека се мери пораст на кредитната активност, податоците покажуваат и раст на нефункционалните, односно проблематичните кредити кои во октомври достигнаа ниво од скоро половина милијарда евра, што е до сега највисоко измерeно ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.