Американскиот државен секретар за одбрана Чак Хејгел поднесе оставка која е прифатена од страна на претседателот Барак Обама, јавува Ројтерс.
Тој решил да се повлече од функцијата по поразот на демократите на меѓузиборите но и поради незабележителните резултати на националниот тим за безбедност во борбата против светската криза, наведува Њујорк Тајмс.
Сепак, тој останува да ја врши должноста додека не се најде наследник на неговата функција.
Според претставници на Белата куќа токму се поголемото значење кое Исламската држава го има во Ирак и Сирија бара поинаков лик од Хејгел.
– За следните неколку години потребен е друг фокус, изјави претставник на Белата куќа за „Тајмс“.
Хејгел не е отпуштен од работа, туку во заеднички договор со Обама одлуката е тој да замине од функцијата.




