Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„InoVax“ – најдобра ученичка компанија од Македонија ќе патува на европски натпревар во Истанбул 

0
By Соња Крамарска on May 15, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 15, 2023 11:42

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2022/2023 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е „InoVax“ од средното техничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје. InoVax е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно напуштање на нивните домови. Поточно компанијата произведува уред за лоцирање на возрасни лица и лица со деменција. 

Второто место му припадна на тимот од „Голем одмор“ од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. „Голем одмор“ нуди апликација и услуга за решавање на два проблеми со кои се соочуваат учениците – недоволното време на учениците да купат и консумираат оброк за време на големиот одмор на училиште, како и достапноста на брза и нездрава храна.

Третото место го освои ученичката компанија „Genesis“ од училиштето „Димитрија Чуповски“ од Велес. Ученичката компанија „Genesis“ има визија да биде синоним за високи стандарди во козметологијата, со воведување нови навики и трендови за разубавување, негување и чување на кожата, преку користење на најприродни состојки.

Националниот натпревар е завршен настан на кој ученици од средни училишта во земјата заедно со нивните наставници ментори ги презентираат своите ученички компании и своите производи и/или услуги. Оваа изборна образовна програма им овозможува на учениците да бидат вклучени во развој и менаџирање на сопствени компании, да креираат нови производи и услуги и да управуваат со финансиите на компанијата во рамките на своето средно образование.

Програмата се заснова на принципот на учење преку работа – учениците преку наставната програма, под надзор на обучени менторски наставници, создаваат компанија, ја развиваат и затвораат во текот на учебната година.

За време на натпреварот кој се одржа од 10 до 12 мај во Струга, учество земаа повеќе од 120 средношколци, вклучени во 25 ученички компании од Берово, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Куманово, Македонски Брод, Охрид, Прилеп, Ресен, Скопје, Струмица и Тетово.

Победникот на натпреварот ќе има можност да се претстави на Европскиот натпревар во Истанбул, во конкуренција со претставници од 40 европски земји каде се спроведува програмата за ученички компании.

Националниот натпревар е дел од проектот за поддршка на претприемничко учење во Европа и Евроазија поддржан од УСАИД и од Фондот за иновации и технолошки развој, а помогнат и од Агенцијата за поддршка на претприемништво, Пакомак, GDI, Семос едукација и Бреинстер некст колеч.

„InoVax“ натпревар учемички компании
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.