Уапсени се околу 30 лица, изгорени се неколку објекти и автомобили во синоќешните немири на улиците во американскиот град Фергусон.
Нередите се последица од судската одлука по која полицаецот Дарен Вилсон, кој застрела 18-годишно невооружено афро-американско момче, не е обвинет.
По објавувањето на одлуката дека Вилсон нема да биде обвинет, демонстрантите во Фергусон излегоа на улиците, каде што кршеа полициски автомобили запалија десетина продавници.
Командантот на полицијата во Сент Луис Каунти изјави дека „лично слушнал најмалку 150 истрели“ во текот на ноќта.
Американскиот претседател Барак Обама повика на мир и разбирање, и на жителите и полицајците им порача да бидат воздржани.
– Ние сме држава изградена врз владеењето на правото, и затоа треба да се прифати дека тоа е одлука на големата порота, рече Обама.
Тој потенцираше дека е разбирливо дека некои Американци ќе бидат многу разочарани, па дури и лути, но го повтори апелот до родителите на убиениот тинејџер дека протестите треба да бидат мирни.
Полицаецот во август го уби невооруженото момче со повеќе куршуми што ја поттикна долгогодишната расна напнатаост во градот во кој мнозинството се Афроамериканци но во структируте на градот повеќето се белци.




