НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмот „М“ на Вардан Тозија на филмскиот маркет во Кан

0
By Ана Василевска on May 18, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Сцена од филмот „М“ на Вардан Тозија
Сцена од филмот „М“ на Вардан Тозија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет кој се одржува од 16. до 27. мај во рамки на Канскиот филмски фестивал.

Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе има вториот долгометражен филм на Вардан Тозија насловен како „М“ во продукција на „Фокус покус филмс“, односно во во копродукција меѓу С. Македонија, Хрватска, Косово и Франција.

Станува збор за дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка.

 

„М“ | Вардан Тозија | 19. мај (петок) | PALAIS H | 18:15, Фантазија / Драма, 99 мин.

Оваа година на Канскиот фестивал во програмата FOCUS WiP 2023 (Work in Progress) на Cinema Demain, ќе биде претставен и проектот LOYNES на режисерот Dorian Jespers. Филмот е во копродукција на SCUM Pictures и WrongMen од Белгија, FilmGrand8 од Франција, Веда Филм од С. Македонија и LONO Studio од Англија.

„LYONES“ | Dorian Jespers | 23. мај (вторник) | FOKUS WiP 2023 (work in progress) | PALAIS STAGE | 10:00

Краткометражниот филм во режија на Гоце Трајковски, „Досие иднина“, а во продукција на „Слобода филм“ ќе биде дел од каталогот на Short Film Corner и за таа цел, филмот ќе биде достапен во приватна и обезбедена видео-библиотека, до која пристап имаат само акредитирани професионалци кои се заинтересирани за кратки филмови за време на фестивалот. Се работи за драма/мистерија во кој улогите ги играат: Ебру Мусли, Ана Стојановска, Решид Береда.

Македонски павиљон во Кан
Македонски павиљон во Кан

Покрај овој работен дел, во рамките на Канскиот филмски фестивал, Агенцијата за филм ќе реализира низа активности во насока на афирмација на македонскиот филм на еден од најважните филмски фестивали во светот.

Македонскиот штанд во SEE павилјонот ќе биде место на кое македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе реализира средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталогизиран и промотивен материјал.

Сите присутни на Филмскиот маркет кои ќе го посетат павилјонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE pavilion), а се заинтересирани за потенцијални идни соработки и иницијативи ќе имаат можност да остварат состаноци со претставници од Агенцијата.

Вардан Тозија кански филмски фестивал Македонски филмови во Кан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.