НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју, Николовски: Македонската берза за електрична енергија е остварување на една голема цел и потврда за нашиот капацитет

0
By Ана Василевска on May 19, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стартот со работа на македонската берза за електрична енергија е остварување на една голема и значајна цел во енергетскиот мозаик и е потврда дека имаме капацитет и знаење да обмислиме, креираме и  имплементираме функционален систем кој ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании, односно компании кои функционираат на нашата територија, вели во интервју за Локално Дарио Николовски, првиот човек на Агенцијата за енергетика.

Во однос на тоа дали ќе се зголеми или намали цената на струјата, Николовски вели дека за тоа ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика, но и дека државата се фокусира ЕСМ да обезбеди најдобра цена за граѓаните.

-Денес енергетската слика е променета, па така ако минатата година беше клучно да се зголеми производството, денес кога цените на берза паѓаат драматично – ќе треба да се размислува да се купи струја на берза кога таа ќе е под производствената цена, порача директорот.

Во однос на гасификацијата за домаќинствата и тој процес е во тек – верува дека набрзо ќе има детални информации.

На прашањето дали формирањето на општински претпријатија за производство на струја од ОИЕ ќе го ублажат проблемот на општините со недостатокот на енергија, тој препорачува сите да го преземат примерот од општина Центар и кои чекори ги презема за да стане независна енергетска општина.

-Нема зошто да се измислува нешто, туку само треба да се преземе од некој што веќе го изодел патот, истакна тој.

Започна со работа македонската берза на електрична енергија. Што ќе значи за институциите, компаниите, граѓаните и регионот можноста да се тргува со електрична енергија во Македонија? Дали очекувате конкурентни цени и зголемување на бројот на учесници на берзата?

-Стартот со работа на македонската берза за електрична енергија е остварување на една голема и значајна цел во енергетскиот мозаик и е потврда дека имаме капацитет и знаење да обмислиме, креираме и  имплементираме функционален систем кој ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании, односно компании кои функционираат на нашата територија. Тоа е наша, домашна платформа на која „пазарот“ се случува кај нас и нема плус трошоци за „транспорт“ односно за прекугранични капацитети. Како што може да видите, цените по кои се „затвора“ денот на тргување се во рамките на референтната цена за регионот ХУПЕКС.

Во време на криза значително се зголеми интересот за поставување на обновливи извори на енергија а со тоа и констатацијата дека мрежата нема капацитет да ја прими произведената енергија. Сепак значителниот пораст на инвестициите во ОИЕ не се одрази во доволна мера на произведеното количество енергија. Што треба да се стори во овој дел?

-Вие кога ќе земете чаша за вода, таа има капацитет колку вода може да има во неа – и тоа е нормална состојба и реална, значи ние не сме исклучок од правилото. Сега е битно да обезбедиме простор за да се „флашира водата“ се разбира зборувам метафорички. Мрежата е доверлива, сигурна и стабилна и таа согласно планот за инвестиции ќе се надоградува и димензионира, но сега мора да се насочиме кон она кон што развиените економии исто така се фокусираат – а тоа се батериите кои ќе можат да акумулираат електрична енергија  и истата да биде достапна и во ноќните часови. Јас не би се сложил со вашата констатација, затоа што бројките покажуваат дека во првите неколку месеци од годинава државава ја има намалено увозната зависност и од традиционално увезените 30 % сега увозот е повеќе од двојно намален и изнесува 11 %

Имаме два ветерни парка, по Богданци се очекува и стартот на Богословец. Кога Богословец ќе биде вклучен на мрежата, а кога ВЕЦ Старо Нагоричане и до каде е проектот за централата Чебрен?

-Постапката за вклучување на „ВЕЦ Богословец” си има јасен патоказ и фази. Оваа голема и веќе успешно реализирана инвестиција, овој производствен капацитет на електрична енергија од обновливи извори е веќе на мрежа во пробен режим, додека за „ВЕЦ Старо Нагоричане” се уште траат мерењата на потенцијалот, паралелно се спроведуваат сите останати процедури, со единствена цел и оваа огромна инвестиција дасе реализира што побрзо и допринесе во делот на енергетската транзиција на нашата држава. Долгогодишно најавуваниот проект Чебрен до летово ќе има одлука, сега се наоѓа во крајна фаза на евалуација и кончено ќе стартува реализацијата. Нас, како Влада несосмнено ни се клучни две траки паралелни да трасираме: реализација на капитални инвестции кои ќе ни ја зголемат енергетската независност и со стартот на Чебрен ќе покажеме дека овој тим знае  да направи она што ниедна Влада до сега не успеа да го реализра. Затоа клучна е јасната визија, знаење и цел. Втората траса е да се ослободи од преоптоварени процедури приватната иницијатива и да се мотивира да ги зајакне инвестициите во овој дел – што и се покажа. Ваква експанзија на инвестции во обновливи извори не се памети во државава.

Дали треба сите овие инвестиции да не успокојат во пресрет на зимата која доаѓа? Како треба и како можеме да се подготвиме и ние и институциите? Ќе има ли доволно енергија од домашно производство?

-Постојат два аспекти кога треба да се одговори на ова прашање. А тоа е дека изминатата година, која да не заборавиме беше година на енергетска криза во светот и трета последователна година како државите се борат да изградат економски имунитет  и тоа по Пандемијата со Ковид, енергетската криза и војната со Украина. Државата се покажа подготвена со капацитет, еве да не речам дека сме добри менаџери, ќе излезе како фалење но факт е дека во време на енергетска криза обезбедивме и струја и парно, рестрикции немаше,  а сметките не се зголемија, дури и за малите компании на регулиран пазар кои се околу 70 илјади на број имаше 20 % намалување на сметките. Тоа значи дека вклучувањето на ладната резерва ТЕЦ Неготино, која стратешки се држи под мраз 12 години за не дај боже, се покажа како одличен стратешки пристап. Сега ние се подготвуваме и се разгледуваат сценаријата согласно севкупните геополитички и економски случувања за следната грејна сезона. Значи од една страна додека се преземаа чекори за да се обезбеди сигурно и стабилна испорака на енергенси, а од друга страна обезбедивме предуслови да може да се реализираа “Елдорадото” во обновливи извори – со што инвестицискиот циклус беше поттикнат и даде резултат. Денес имаме капацитети кои се на ниво на инсталиран капацитет близу еден блок на РЕК Битола, или попластично – за петнаесет месеци имаме инвестиции од кои може со струја да се снабдуваат може да се  снабдуваат 10 градови низ земјава.

Откако ќе заврши грејната сезона, следно пршање е дали ќе поскапе струјата и кога ќе стартува ефтината тарифа. Очекувате ли нагорни корекции на цената на електричната енергија? Има ли простор граѓаните па и индустријата да стравува од поскапување?

-Дали ќе се зголеми или намали цената на струјата – ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Она што можам да ви го кажам дека државата се фокусира ЕСМ да обезбеди најдобра цена за граѓаните. Денес енергетската слика е променета, па така ако минатата година беше клучно да се зголеми производството, денес кога цените на берза паѓаат драматично – ќе треба да се размислува да се купи струја на берза кога таа ќе е под производствената цена. Значи крајна цел е да се осигура најевтина цена за домаќинствата. Во очекување сме сите на анализите кои РКЕ ќе ги презентира за евтината дневна тарифа, во кој часовен обем ќе биде достапна преку ден – но недвосмислено домаќинствата ќе имаат бенефит од инвестициското Елдорадото на фотоволтаиции, затоа што струјата од сонцето е достапна по поволна цена.

Обезбедивме и либерализација на пазарот на гас. До каде е изградбата на интерконекторот? Кога ќе биде пуштена делницата до Битола?„Номагас“ најавува дека многу брзо 75% од населението ќе има пристап до гас…

-Инвестициите во овој дел напредуваат со добро темпо и се очекува набрзо да бидат приклучени и некој  од големите индустриски капацитети во овој дел од земјава. Факт е дека не може да се очекува инстанта реализација во енергетиката, затоа што тоа е процес што бара стратегиско поставување, анализа, планирање и реализација – но еве гледате работите се движат во добра насока. Во однос на гасификацијата за домаќинствата и тој процес е во тек – верувам дека набрзо ќе има детални информации.

Како општините да ги пресретнат предизвиците што ги носи зимата? Се уште има рестрикции низ улиците и високи сметки за потрошена струја. Дали формирањето на општински претпријатија за производство на струја од ОИЕ ќе го ублажи проблемот?

-Јас би им препорачал сите да го преземат примерот од општина Центар и кои чекори ги презема за да стане независна енергетска општина. Нема зошто да се измислува нешто, туку само треба да се преземе од некој што веќе го изодел патот.

Извор: Локално

Агенција за енергетика Дарио Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.