НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тишнер за МИА: Не е дојден крајот на евтините авиобилети, на цените влијаат бројни фактори

0
By Marta Pesevska on May 20, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за него. Евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите, што порано, порача во интервју за МИА, Роланд Тишнер, извршен директор и офицер за операции во „Визер Унгарија“.

Тој деновиве присуствуваше на настанот на скопскиот аеродром, каде беше најавен нов, шести воздухоплов на „Виз ер“ во базата во Скопје со што најавија оперирање до 35 дестинации во 15 држави.

Во интервјуто зборувавме и за интересот за работен ангажман  на макеоднски државјаниво авиокомпанијата, за најавите на нови летови со субвенции од Владата, како и за цената на авиобилетите.

Целото интервју со Тишнер, во продолжение:

Ставате шести воздухоплов тука во базата во Скопје. Што значи тоа? 

– Toa значи нови авиолинии, нови дестинации, нови вработувања како директни во авиокомпанијата, така и индиректни во авиосекторот, и во целост значи пораст, односно добро за целата држава.

Колку кадри се ангажирани од Северна Македонија, има ли интерес за работен ангажман од македонски граѓани и колку луѓе имате ангажирано досега за овој нов проект?  

– Моментално имаме околу 250 лица што се директно вработени од страна на „Виз ер“, пилоти и кабински екипаж. Но, исто така имаме и луѓе коишто работат во нашите канцеларии. Кога станува збор за новиот воздухоплов, во просек како се нашите пресметки триесетина луѓе  би биле дополнително ангажирани како кабински екипаж и околу 12 пилоти. Тоа се однесува на главните капетани на воздухопловите и првите офицери.

Министерството за транспорт и врски најави дека до крајот на годината ќе има можеби уште еден повик за субвенционирани летови. Најавени се нови летови со субвенции од Владата. Може ли да очекуваме во иднина и други летови, доколку има повторно повик?  

– Дефинитивно секогаш сме отворени за соработка за нови можности коишто се одржуваат тука и за пораст нели на работењето. Секако дека би биле отворени за нови можности штом има отворен нов повик.

Што со постојните линии на коишто опериравте со субвенции од Владата, а сега ги опслужувате комерцијално? Дали ги опслужувате сите линии за кои изминатите години добивавте субвенции и кои се плановите за тие релации по истекот на рокот за кој сте обврзани за оперирање?  

– Не знам, не сум сигурен точно кои линии ги имале, тоа е комерцијален дел, односно во друг сектор. Но, она што можам да го кажам е дека во моментов оперираме на преку 30 авиолинии, и секогаш гледаме напред, односно се радуваме на нови можности, без разлика дали со поддршка или без, за пораст на нашата авиокомпанија и операциите.

Дали е веќе дојден крајот на евтини авиобилети, бидејќи е евидентна разликата на цените?  

– Не, дефинитивно не. Одредувањето на цените е секогаш динамично. Одредувањето на цените секогаш е нели под влијание на бројни други фактори и секогаш ние го правиме, динамиката ни е на одредување на цените, како и на останатите авио компании. Еден од факторите којшто влијае врз одредувањето на цените, е, секако побарувачката. И од особено значење е, кога патниците ги купуваат нивните авиобилети, односно датумот нели кога се купува, до датумот кога треба да се реализира летот. Она што сакам да го кажам со ова, е, дека колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за истиот. Исто така, други трошоци, односно фактори, коишто влијаат врз одредувањето на цената, се трошоците за самото работење односно за операциите. Цените на горивото и секако трошоците за работна сила, односно за вработувањата и нашите вработени. Но, сите овие фактори може да бидат, нели се променливи, сите може во исто време и да влијаат и да не влијаат на одредувањето на цените. Но, она што секогаш го правиме, е, да понудиме најдобри, да дадеме најдобра понуда и најпристапна за нашите патници. Така што, евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите што порано, нели, да добијат подобра цена и да ги купуваат директно од нашата веб-страница, каде што, нели, може лесно да си добијат подобра цена.

Дали ќе го вратите повторно летот за Барселона, бидејќи има интерес?  

– Да, дефинитивно слушнав за Барселона неколкупати денес, за враќањето на овој лет. Очигледно со овој капацитет и со моменталната побарувачка, секако, имаме повеќе побарувачка во моментов. Секогаш побарувачката ја оценуваме и правиме анализи на нашата мрежа и секако Барселона, ја разгледуваме нашата мрежа на авиолинии во целост, а секако и Барселона не е изоставена со тоа што не можам да ветам ништо, но, сепак се разгледува.

Блаже Дарудов

Извор: МИА

авиобилети Тишнер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.