Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Луѓето се плашат да пријават семејно насилство заради нивната безбедност

0
By Томе Христов on November 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 25, 2014 16:16

Психичкото, физичкото и насилството од економски побуди се најзастапени облици на насилство во Македонија. Најчести жртви се жените, а 95 отсто од сторителите на семејно насилство се мажи. Во однос на минатата година, во Македонија во 2014 семејното насилство е зголемено за 25 отсто.

Во општина Струмица во третото тромесечие годинава биле пријавени 21 случај на семејно насилство за разлика од првите две кога биле пријавени 3, односно 6 случаи.

Изминатата година, од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи велат, биле пријавени 41 случај на семејно насилство.

„Со пријавените случаи е работено на ублажување на психичките, социјалните и физичките последици од насилство, забрзување на процесот на опоравување и воспоставување на вообичаеното ниво на функционирање на жртвата. Заради спецификите на овој проблем и реалната опасност насилството да се повтори, може да се јави потреба да се интервенира во криза и во фаза на третман за да се спречи натамошното влошување на состојбата на жртвата. Во три случаи со судска одлука се изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам во психијатриска болница во Негорци“, изјавија од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица.

Од таму додаваат дека заради поефикасно спроведување на стандардните процедури за постапување со овој проблем, ЦСР Струмица секако има потреба од вработување на соодветен стручен кадар кој непосредно ќе работи и ќе го имплементира новиот закон, кој треба да стапи во сила од јануари следната година.

Познавачите пак на таа проблематика во Струмица велат дека на терен ситуацијата е многу поразлична од онаа што ја опишуваат во Центарот. Тие за НОВА велат дека нема никакви психо-социјални услуги и ресоцијализација од страна на МЦСР.

Од Организација на жени од Струмица кои долги години работат на оваа проблематика како и обезбедување на психо-социјална и бесплатна правна помош на жртви на семејно насилство, годинава во рамките на кампањата „16 дена активизам против насилство над жените“ ќе реализираат бројни активности заради подигање на свеста кај јавноста за постоењето на овој проблем и механизмите за заштита од истиот.

„Оваа година акцентот го ставаме на младите, жените од руралните средини и надлежните институции. Ќе одржиме бројни предавања во училиштата заради сензибилизирање на младата популација и нивните сфаќања и размислувања за еднаквите можности, а ќе оствариме средби и со жените во населените места со цел да ги запознаеме со превенцијата од семејно насилство и да ги охрабриме истото да го пријавуваат. На крај, на Меѓународниот ден на човекови права ќе реализираме тркалезна маса со сите релевантни институции за да видиме до каде сме со постапувањето по случаите на семејно насилство, дали и каде сме потфрлиле и кон што треба да се насочиме во иднина, а исто така ќе продискутираме и за новиот Закон за спречување на семејно насилство“, велат од Организација на жени од Струмица.

Од таму додаваат дека жените се најчести жртви на насилство, а причина за насилството, според нивното досегашно работење е алкохолот и љубомората, односно контролата на сопругот. Новиот закон, како што велат, има и некои недоследности, пред се во делот на безбедноста на жртвата.

„Со новиот закон се предлага иселување од домот на сторителот на насилство, што е за поздравување, бидејќи досега жртвите се оние кои го напуштаа домот, односно мајката и децата. Но, што откако ќе се исели сторителот? Како понатаму ќе се гарантира безбедноста на жртвата?“, велат од Организација на жени и додаваат дека граѓаните треба да стекнат максимална доверба во институциите за да можат без страв да пријават семејно насилство.

Подобри решенија со цел превенција и заштита на жртвата на семејно насилство, очекуваат и од МЦСР. Од невладината Организација на жени велат, луѓето се плашат да пријават дека кај соседите има насилство, од едноставна причина и нив да не им се случи нешто со што би си го загрозиле својот и животот на семејството. Има бројни случаи кога соседите знаат дека одредено лице ја малтретира сопругата, но поради непостапување на институциите тие си молчат. Значи, потребна е пред се институционална заштита“, потенцираат од таму.

Според нив, мал е бројот на прифатилишта за згрижување на жртви на семејно насилство во државата – Шелтер центри, но освен вакви центри, сметаат тие, потребно е да има и центри за психо-социјална работа со сторителите на насилство.

Денеска на 25-ти ноември , на Меѓународниот ден на борба против насилство над жените започнува меѓународната кампања „16 дена активизам против насилство над жените“ која ја одбележуваат околу 1.700 организации во над 100 држави ширум светот, а завршува на 10-ти декември – Меѓународниот ден на човекови права.

Инаку, на 25-ти ноември 1981 година, на првиот состанок на феминистките од Латинска Америка и Карибите одржан во Богота, жените проговорија за семејното насилство, силувањето, насилството кое жените го трпат под режими, вклучувајќи ја тортурата и насилството над политичките затвореници. Тој ден е одбран како ден на сеќавање на трите сестри Мирабел, кои , поради нивните револуционерни активности и борбата за демократија и права, брутално ги убил диктаторот Рафаел Трухиљо во 1960 година. Сите три сестри се задавени, а телата им се пронајдени со искршени коски.

Во 199 година, Обединетите Нации со резолуцијата 54/134 и официјално го потврдија 25-ти ноември како Меѓународен ден на борба против насилство над жените.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.