НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Димитар Пандев: Јазикот не се докажува, тој е духот на еден народ

0
By Jane Gjorgioski on May 25, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Јазикот е систем или дух, а тоа ниту се признава, ниту има потреба да се докажува, туку се потврдува и се прифаќа“ изјави професорот по историја на македонски јазик Димитар Пандев на прославата на 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Тој додаде дека јазикот е општствена институција, со своја јазична санкција која отвора простор за јазична норма, а таа пак за кодификација на народниот јазик во литературен, врз основа на бесконечен корпус текстови кои постојано се пресоздаваат, како што се непрегледен списокот текстови за Кирил и Методиј.

„Јазикот е трезор во кој се чува народното јазично богатство во онаа смисла во која македонскиот јазик се вдомил во текстови засведочени од свети Климентово време до денес. И, се разбира, во овие наши денешни искажувања во чест и слава на светите браќа“ рече професорот Пандев.

Тој додаде дека словенскиот свет овозможил формирање на значителен број на литературни јазици со изразити граматички особености и со доловени лексички значења, а тоа е резултат на јазичните вкрстувања на култури и цивилизации.

„А една од клучните точки на јазичните вкрстувања меѓу различни светови и на стилските синтези во книжевностите била и останува за навек  Македонија ‒ лулката на словенската писменост. Ние, Македонците, отсекогаш сме го знаеле тоа, зашто од овде, од Охрид, сме го имале како свети Климентов завет“ рече професорот Пандев.

Димитар Пандев македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.