Грчките медиуми ќе одржат 24 часа генерален штрајк во знак на протест против политиката на Владата во Грција. Акцијата е започната во 6 часот а ќе трае до 6 часот – 27.ноември.
Весниците, радиото и телевизијата пак нема да работат од 11 часот до 14 часот на 27 ноември, за да можат сите вработени во медиумите да се вклучат во планираните за овој ден демонстрации во рамките на штрајкот на државните службеници во Грција.
Исклучок ќе бидат дописници и техничкиот персонал, активирани во покривањето на демонстрациите во целата земја.
Меѓу барањата на новинарите се воведување на задолжителни колективни договори и забрана за индивидуални договори, исплата на заостанатите плати на сите работници во медиумите, и обновување на работата на затворената Грчка радио и телевизија.




