Полицијата во Хонгконг отстрани уште неколку улични барикади на демонстрантите во рамките на дводневната опрација во која се уапсени над 100 луѓе вклучувајќи ги и лидерите-студенти на протестите.
Отстранети се барикадите во областа Монг Кок каде што демонстрантите протестираат веќе два месеци.
Полицијата соопшти дека уапсени се 116 луѓе кои не ги испочитуваа судските налози и ги нападнаа работниците кои ги отстрануваа барикадите.
Еден маж е уапсен за поседување оружје од типот на секира и чекан.
Помеѓу уапсените се 18-годишниот лидер на групата „Сколаризам“ Џошуа Вонг и заменик генералниот секреат на Хонгконшката федерација на студентите Честер Шам.
Според проценките, над 200.000 луѓе учестуваа досега на протестите во кои се бараше демократски избор за лидер на Хонгконг на изборите во 2017 година.




