Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телефонски разговор Ковачевски – Мелони: Воздушната НАТО патрола над нашето небо ќе ја реализира Италија, имаме целосна поддршка за евроинтеграциите

0
By Gabi Tocko on May 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Ковачевски - Мелони телефонски разговор (Фото: Влада)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 27, 2023 11:27

Премиерот Димитар Ковачевски, во телефонски разговор со италијанската колешка Џорџија Мелони, разговараше за повеќе актулени прашања за нашата држава и за регионот.

Во фокусот на телефонскиот разговор меѓу Ковачевски и Мелони беше претстојното патролирање на македонското небо, од страна на италијанските воздухопловни сили. Овој процес е согласно НАТО принципите на заменливост, а двајцата премиери разговараа околу усогласувањето на потребниот технички аранжман меѓу двете држави, по чиешто потпишување Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо, објави владината прес-служба.

Во разговорот, премиерот Ковачевски, изрази жалење за жртвите во полавите што зафатија делови од Италија овој месец, за што Северна Македонија веќе понуди тимови за помош во санирањето на последиците, во форма каква што е потребна и можна.

Тој се заблагодари за зајакнатата улога и лидерството на Италија, кога се работи за европските перспективи на Северна Македонија и на регионот, односно за тоа што новата Влада, којашто ја предводи премиерката Мелони, го постави Западен Балкан високо на приоритетите во надворешната политика.

Во разговорот беше посочено дека Италија целосно ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО и дека процесот на европско обединување нема да биде комплетен без земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски и премиерката Мелони, го истакнаа значењето на следниот чекор на Северна Македонија во евроинтеграциите, со изразено очекување сите политички лидери и субјекти во земјава да ја имаат предвид важноста на евроинтеграцискиот процес.

Во телефонскиот разговор, премиерот Ковачевски ја поздрави одлуката на Европската Унија со која стратешкиот инфраструктурен проект Коридорот 8 влезе во мрежата главни коридори во регионот и во Европа.

Во таа насока премиерот Ковачевски ја нагласи важната улога на Италија во истакнувањето на значењето на Коридорот 8, кон чијашто реализација е силно посветена и Северна Македонија.

Во разговорот е констатирано и дека оваа година Северна Македонија и Италија одбележуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, што е голем јубилеј којшто дава мотив за натамошна засилена соработка.

Оценето е дека политичките односи се традиционално добри и пријателски, а економската соработка го одржува долгогодишниот тренд во којшто Италија континуирано се наоѓа на листата десет држави со коишто Република Северна Македонија има најголем обем на трговска размена.

ЕУ Ковачевски Мелони телефонски разговор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.