Околу 150 тенкови и оклопна техника во неколку земји членки на НАТО планира да распореди американската армија. Дел од нив ќе бидат сместени во земји од Источна Европа за учество во воени вежби, пренесуваат француските медиуми.
Освен оклопни возила во земјите на неколку месеци ќе биде испратена и копнена војска, која ќе учествува во заеднички воени вежби со армиите на овие земји.
Генералот набрзо ќе ги изготви препораките во однос на начинот на распоредување на тенковите и оклопната техника во земјите од Источна Европа, кои се членки на НАТО.
– Ќе разгледам неколку опции, како на пример разместувањето на опремата на мали целини за батаљон или за чета, можеби од балтичките земји, Полска, Романија или Бугарија, изјави генерал командантот на американските копнени сили во Европа Бен Хоџис.
Според него тоа е дел од операцијата „Атлантик одлучност“, која има за цел да ги смири балтичките земји и Полска, кои се загрижени од активностите на Русија во Украина.
САД имаат 29.000 војници со постојано седиште во Германија, Италија и Белгија, но Вашингтон го зголеми бројот на своите војници распоредени привремено во регионот, за да испрати сигнал до Русија и нејзините партнери од НАТО.



