Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинувањето на организациските директори прв лек за здравството?

0
By Соња Крамарска on May 30, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 30, 2023 14:15

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека информацијата за укинување на организациските директори на клиниките е доставена до Владата.

„Модалитетите ќе ги одлучиме заедно со Владата и со експертите. Информацијата е доставена до Владата, но не е помината“, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на кој се одбележа Светскиот ден на мултиплекс склероза.

Меџити посочи дека околу пола милион евра годишно се трошат на овие организациски директори и дека тие пари би требало да се искористат за пациентите.

„Јас би сакал да почне да функционира од јануари 2024 година затоа што тогаш се прават и пресметките во Фондот за здравство, со цел парите што ги губиме со заедничките служби, директорите, со набавката на лекови и сѐ друго, да ги користиме за пациентите. Во моментот, 20 милиони евра се во минус заедничките служби, кујната е четири милиони евра и не се знае кој го чисти ходникот, а кој прозорецот. Имаме проблем и во професионалниот дел на работењето на клиниките. На пример, во конзилијарните мислења дали докторот сака или не, затоа што тоа се посебни субјекти“, рече Меџити.

Во однос на новиот клинички центар, Меџити рече дека станува збор за голем, комплексен капитален проект за кој е потребен поширок консензус меѓу партиите и општеството. Посочи дека проектот е презентиран пред заинтересирани страни и дека има интерес.

„Новиот клинички центар е голем капитален проект, ќе ни треба поширок консензус меѓу партиите и во општеството. Во неколку наврати потврдив дека го имаме не само Клинички, туку и концептот на регионалните центри, но тоа нема да се случи утре. Тоа е покомплексен проект и треба повеќе страни да се консултираат“, рече Меџити, додавајќи дека не сака да ветува дали камен темелникот на новиот клинички центар ќе биде ставен пред изборите.

Локацијата за новиот клинички центар, како што посочи, останува иста.

укинување на организациски директори Фатмир Меџити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.