Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ-Брегу: Целта ни е ЕУ, затоа е важно паралелно да работиме и на регионалната соработка

0
By Соња Крамарска on June 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2023 11:30

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на министерскиот ЕУ состанок на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), имаше средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

На средбата беше разговарано за статусот на регионалните договори во рамки на Берлински процес, нивната имплементација и следните активности на Советот за регионална соработка, за кои Маричиќ рече дека се „позитивен чекор кон подготовката на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ“.

Маричиќ кој е главен преговарач со ЕУ додаде дека регионалната соработка е составен дел од европската интеграција и клучна во достигнувањето на членството во ЕУ. Во тој контекст укажа дека за Северна Македонија останува дека регионалата соработка е еден од надворешнополитички приоритети и дека ќе продолжи да биде конструктивен партнер на Советот за регионална соработка.

„Ќе продолжиме како земја да придонесуваме во подобрувањето на регионалната соработка и активно да работиме во рамки на иницијативите Берлински процес и Отворен Балкан, од кои конкретни бенефити имаат македонските граѓани и македонската економија“, рече Маричиќ.

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, ја потврди заложбата и посветеноста на Северна Македонија на регионалната соработка и препознавањето на важноста на договорите кои беа потпишани на Самитот на Берлинскиот процес, во ноември минатата година. Таа упати благодарност до македонската Влада за поддршката што ја дава на работата на Советот за регионална соработка и брзата ратификација на договорите во македонското Собрание, со надеж дека целосно, во сите земји, ќе бидат имплементирани до октомври, кога е планиран следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана.

Маричиќ денеска во Бечиќи ќе се сретне и со неговата колешка од Албанија, Олта Џачка.

Бечиќи Бојан Маричиќ Совет за регионална соработка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.