НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Се надевам дека Мицкоски ќе се надмине себе си и ќе поддржи интеграција на Македонија во ЕУ

0
By Соња Крамарска on June 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната изјава на премиерот Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На лидерската средба што во среда во 11 часот ќе се оддржи во Клубот на пратеници ќе се сретнат на тет-а-тет средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Форматот на средбата го избрале ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот Ковачевски во изјава за новинарите по увидот на делницата Неготино – Демир Капија.

Тој рече дека во поканата која ја испратиле до ВМРО-ДПМНЕ јасно било ставено тие да изберат во кој формат ќе се одржи средбата.

„Во зависност од тоа дали имаат доверба меѓу себе па смеат да зборуваат еден пред друг, или сакаат да одат сами на средба јас оставив да одлучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие го избраа форматот, средбата ќе се случи во 11 часот во среда“, изјави Ковачевски.

Тој рече дека на средбата ќе се разговата на две теми, од кои едната е носење одлуки за европските интеграции на државата, а втората е активностите на сите политички чинители во државата во однос на односите со соседите.

„Тоа се двете исклучително значајни теми од кои зависат интеграциите на државата и што побрзо зачленување во ЕУ. Во државата постојат два концепти едниот е концепт за европска Македонија и вториот е кој го предводи Левица а тоа е Северна Македонија изолирана. Така беше десет години од 2006 до 2016 година. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да се надмине себеси и барем еднаш во овие 32 години независна Македонија ќе поддржат одлука која ќе овозможи државата да се интегрира во ЕУ, по интегрирањето во НАТО. Заклучоците се едноставни, на една страна има интеграција на Македонија, а на другата страна изолација“, рече Ковачевски.

На новинарско прашање што очекува од средбата, премиерот рече дека очекува отворено да поразговара со Мицкоски на овие две теми.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста пак рече дека очекуваат со премиерот да се разговара што ќе се случи откако нема да поминат измените на Уставот, кои се потребни за да може да почнат преговорите со ЕУ.

 

Димитар Ковачевски лидерска средба уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.