Видеото кое го објавила унгарската полиција за да ги едуцира учениците за превенција од насилство, предизвикало бура во јавноста.
Во „едукативното“ видео жените се обвинети за силувањето.
Во 3.42 минута се гледа група млади жени кои се подготвуваат за излегување, па одат во клуб и се забавуваат, со силна авторска сугестија дека консумираат преголема количина алкохол.
На крај, една од нив е казнета, па ја напаѓа маж со капа на главата, кој чека жртва во мракот. Додека лежи девојката, се појавува порака: „Ти можеш да направиш нешто по ова прашање! Ти можеш да направиш нешто против ова!“.
Овој „едукативен“ филм сугерира дека жените не би требало да пијат или да се забавуваат на начин кој не е прифатлив за мажите, бидејќи таквото однесување всушност провоцира.



