Рускиот претседател Владимир Путин и укиранскиот колега Петро Порошенко разговарале по телефон, соопштува Кремљ.
Според портпаролот на Путин Дмитри Песков, по иницијатива на украинската страна се разговарале за билатераалните односи и ситуацијата на истокот во Украина.
Украинските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до Порошенко, пишуваат дека рускиот претседател се заканувал со нов напад доколку Украина не се повлече од ЕУ и НАТО и доколку не ја признае Доњецката Република.
Песков ги отфрла обвинувањата.
– Пишувањата во некои украински медиуми за телефонскиот разговор се измислици и не одговараат на реалноста, изјави Песков.
Таквите обвинувања ги отфрли и Киев. Информативната служба на Порошенко соопшти дека „нема никакви закани на сметка на суверенитетот на државата“.




