Published: Thursday, November 27, 2014 13:24
Експерименталната вакцина против смртоносниот вирус ебола го помина успешно првиот тест во САД, соопшти директорот на Националниот институт за алергиски и инфективни заболувања.
Околу 20 доброволци беа подлежни на вакцината а резултатите биле позитивни, вели Ентони Феучи. Секој од доброволците произведувал антитена на еболата.
Освен покачување на температурата кај двајца од нив, немало други несакани ефекти при испитувањето.
Според најновите податоци од Светската здравствена организација до сега 5.689 луѓе починале како последица на еболата а речиси 16.000 се заразени. Најголемиот број на жртви е во Либерија во Сиера Леоне и Гвинеја.




