Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер „го преживеа“ гласањето за недоверба покренато во Европскиот парламент од група европратеници на чело со Најџел Фереџ од Велика Британија.
Од 751 пратеник, 101 ја поддржаа иницијативата за смена на Јункер за неговата улога во аферата „Луксиликс“.
Аферата се појави во јавноста набрзо по 1.ноември откако тој стапи на должност. Тогаш во јавноста протекоа документи дека властите во Луксембург со години им овозможувале на меѓународните корпорации преку фиктивни фирми да избегнуваат плаќање данок.
На почетокот на гласањето дошло до помал инцидент кога британските и француските пратеници настапија со знамињата на своите земји, но по предупредувањата од претседателот на ЕП Мартин Шулц кој се повикал на Правилникот, тензиите се смириле.




